1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баер и Хофенхајм ја задржаа водечката позиција

Баер Леверкузен и Хофенхајм остануваат на делбата на првата позиција во фудбалската Бундеслига и по 14 одиграни кола.

default

Фудбалерите на Баер Леверкузен слават по победата против Шалке 04

Популарните „фармацевти“ на Баер Леверкузен се на врвот поради подобриот гол-скор кој го имаат од тимот на Хофенхајм. Баер го доби дербито против Шалке 04 со 2:1. Тренерот Бруно Лабадиа е задоволен: „Мислам дека не е лесно да се постигнат два гола против Шалке 04. Затоа мислам дека победивме заслужено“, изјави Лабадиа.

Нови генерации „бомбардери“

Во Бундеслигата повеќе од 30 години најдобар голгетер е Герд Милер, познат како националниот бомбардер. Во една сезона тој постигна 40 голови. Во целата кариера 365. Постојано се вели дека такво нешто не може да се повтори. Меѓутоа, во Бундеслигата се појави еден нов бомбаш. Станува збор за Ведад Ибишевиќ од тимот на Хохенхајм, кој во досегашните 13 натпревари има постигнато 14 голови. Тој е најзаслужен за петтата последователна победа на неговиот тим, овојпат против Волфсбург со 3:2. Тренерот Ралф Рањик на крајот на натпреварот мораше да заклучи дека неговиот тим овојпат славеше и со помош на среќата: „Имавме среќа, но мислам дека заслужено победивме поради нашите заложби во офанзивниот дел на играта. Затоа се радуваме на оваа победа„

Табелата се менува

Баер Леверкузен и Хофенхајм се на делба на првата позиција со по 28 бодови. Трет е Баерн Минхен со три помалку. Баварците го загубија чекорот по епилогот во дуелот против Борусија Менхенгладбах, во кој иако имаа

Fussball Bundesliga Borussia Mönchengladbach Bayern München

Баерн Минхен е „само“ трет - тренерот Клинсман и менаџерот Хенес не се многу задоволни

предност од 2:0, на крај мораа да се задоволат со реми, 2:2. Веднаш зад Баерн е Херта Берлин, која го совлада Хамбургер со 2:1. Поразот за тимот од Хамбург значи и пад на петтата позиција на табелата. Шести е тимот на Борусија Дортмунд, кој освои сигурна и убедлива победа во дуелот против Ајнтрахт Франкфурт од 4:0. Избраниците на Јирген Клоп сега се на шестата позиција со бод предност пред конкурентот Шалке 04.

На седмата позиција се проби Вердер Бремен, кој полека излегува од криза. Избраниците на Томас Шааф синоќа славеа во дуелот против Келн со 3:1. Ова е само втора победа за Вердер во последните десет дуели. Томас Шааф е задоволен: „Можеме да бидеме многу задоволни бидејќи постигнавме резултат, кој значи многу за самодоверба и дополнителна мотивација на натамошниот пат по кој сакаме да одиме. Знаеме дека мораме да одиме напред и мислам дека тимот покажува дека сака да се подобри.“

Поразот за Келн на гостувањето во Бремен, значеше прекин на добрата серија на тимот на Кристоф Даум, кој во последните седум натпревари забележа пет победи. Со 19 освоени бодови, Келн во моментов е на делба на 9. и 10. позиција со Волфсбург. Единаесетти е Штутгарт, кој разочара во дуелот против Арминија Билефелд, кој заврши без голови. Во дербито од дното на табелата, значајна победа освои тимот на Енерги Котбус против Карлсруе,

Fussball Bundesliga Arminia Bielefeld Energie Cottbus

Важна победа за Енерги Котбус

1:0. Тренерот на Карлсруе, Едмунд Бекер е разочаран и тоа се чини со право: „Се разбира дека ова за нас е невозможен епилог, ако се земат предвид сите 90 минути. Ќе биде навистина тешко доколку продолжиме да играме на овој начин и да подаруваме бодови на противниците.“

Котбус и покрај победата е последен на табелата со 9 освоени бодови. Идентичен скор има и претпоследниот тим на Арминија Билефелд. Во опасниот дел се наоѓаат и Карлсруе и Бохум, кој на гости во Хановер одигра нерешени 1:1.

Светски рекорд во пливање за Бидерман

Голема радост за Германија во пливање. Паул Бидерман на светското првенство во кратки базени, кое се одржува во Берлин постигна изненадувачки рекорд на трката 200 метри слободно. 22 годишниот Бидерман исплива

Olympia 2008 Bilder des Tages Schwimmen Männer

резултат од 1:40,83 стотинки, со што го подобри осум години стариот најдобар резултат на Јан Торп од Австралија. Ова е четврти светски рекорд сезонава на трки во кратки базени. Бидерман по трката и самиот помалку изненаден од постигнатото изјави: „По 100 испливани метри си реков: Сега едноставно продолжи и искористи ја шансата. Во последните 50 метри не гледав многу околу себе и пливав само за себе“, изјави Бидерман.

Задоволен е и спортскиот директор на германскиот пливачки сојуз, Луц Бушков. За пресвртот во репрезентативниот пливачки тим, Бушков изјави: „По Олимписките игри во пливачкиот спорт се случува пресврт. На стартот, овде, настапивме со многу добар тим. Имаме пливачи од светски калибар како Брита Стефен и Паул Бидерман. Бидерман овде и во Стокхолм покажа одлични резултати.“

Неодамна во јавноста се појавија скандалозни информации дека пливачите постигнувале слаби резултати поради костумите за пливање на фирмата Адидас, кои ги забавувале репрезентативците. Бушков за ова вели: „Сакаме и натаму да соработуваме со Адидас. Позициите за ова се јасни. Брита Стефен стана двојна олимписка победничка, токму со опремата на Адидас“, изјаву Бушков.