1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн чекори кон нова титула

default

Во фудбалската Бундеслига викендов беа одиграни натпреварите од 23 коло. Баерн од Минхен на 11 кола до крајот сигурно чекори кон шампионската титула. Со победата против Ајнтрахт од 5:2 се зацврсти на лидерската позиција со 58 освоени бодови. Теоретски до крајот може да го загрози Вердер кој на домашен терен ја совлада Борусија Менхенгладбах со 2:0 и со 49 бодови се искачи на втората позиција. Хамбург, кој во следното коло му гостува на Баерн претрпе незгоден пораз на домашен терен од Штутгарт, 0:2. Продолжува лошата серија на Келн кој по поразот од Баер Леверкузен, 3:0, убедливо е последен на табелата со 15 освоени бодови. Кајзерслаутерн во дербито од дното на табелата оствари значајна победа против Мајнц.