1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн сигурен на стартот

Есенскиот првак, Баерн Минхен и по стартот на пролетниот дел ја задржа лидерската позиција во Бундеслигата. Вердер Бремен повторно поразен.

default

Од натпреварот Баерн-Ханза Росток

Баварците во петокот славеа на гости во Росток против Ханза со 2:1 и во моментов се осамени на врвот со три бода предност пред Вердер Бремен кој синоќа неочекувано на домашен терен беше поразен од Бохум со 2:1. Вчерашното дерби во Гелзенкирхен, помеѓу Шалке 04 и Штутгарт заврши со убедлив триумф на домаќините од 4:1. Баер Леверкузен со тешко извојуваната победа од 3:2 против претпоследниот на табелата, тимот на Енерги Котбус, се проби на третата позиција. Спорните судиски одлуки беа причина за турбулентни последни дваесетина минути од мечот, кој сепак заврши среќно за Баер. Тренерот Михаел Скибе: „ Јас сум многу задоволен од играта на мојот тим. Уште од самиот старт започнавме борба. На крај победата секако е среќна, но не и незаслужена„ изјави Скибе Хамбургер ја пропушти шансата да остане на врвот на табелата, откако во северното дерби против Хановер, одигра само 1:1. Тренерот Хуб Стевенс се разбира е разочаран: „ Титулата се добива на теренот, но играчите во првото полувреме тоа не го направија. Кога 45 минути ќе одиграте таков натпревар, со резултат 1:1, може да се биде задоволен„ изјави тренерот на Хамбургер Успешно деби во Бундеслигата славеше Мартин Фенин. Чешкиот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт постигна хет трик против Херта Берлин и беше најзаслужен за победата од 3:0. Тренерот Фридхелм Функел се разбира е радосен од настапот на 20 годишниот Фенин „ Изненаден сум што тој постигна 3 гола. Се разбира тоа ме прави среќен. Во подготвителните натпревари тој не постигна ниту еден гол, но денеска покажа колку е важен за тимот„ Тимот на Карлсруе и во пролетниот дел продолжува со сигурниот и ефикасен настап. Тимот на Еде Бекер го совлада победникот на купот Нирнберг со 2:0 и се проби на петото место на табелата. Интересно и ефикасно беше на локалното дерби помеѓу Дуисбург и Борусија Дортмунд кој заврши 3:3. Борусија израмни во последните секунди од натпреварот. Волфсбург по зимската пауза ја забележа втората победа. По пласманот во четвртфиналето на купот, Волфсбург во саботата беше сигурен против Арминија Билефелд. Победи со минимални 1:0.