1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн се поблиску до титулата

Баерн е чекор поблиску до освојувањето на 20-та шампионска титула во Бундеслигата , иако освои само бод нагости против екупата на Мајнц , во која игра Македонецот Николче Новевски.

Второпласираниот Хамбургер во 31 коло загуби дома од Леверкузен

Второпласираниот Хамбургер во 31 коло загуби дома од Леверкузен

Баерн на три кола пред крајот има 5 бодови предност пред екупата на Хамбургер, која на домашен терен беше поразена од Баерн од Леверкузен со два спрема нула.

Ниту на Баерн не му одеше добро на почетокот од вчерашниот натпревар , во кој Мајнц поведе со два спрема нула . Сепак играчите на актуелниот шампион успеја да соберат сили и да си обезбедат бод со головите на холандскиот напаѓач Рој Макаи .

Ваквиот развој на настаните предизвика мешани чуства кај менаџерот на баварците Ули Хенес:

Не можам да разберам како не ја искористивме консеквентно оваа предност што вчера ни ја овозможи Хамбургер. Но сепак играта кон крајот беше подобра , така што и еден поен е ОК.

Во Хамбург меѓутоа атмосферата не беше ОК по саботниот дуел со Баер од Леверкузен, која најверојатно и дефинитивно им ги одзема надежите на избраниците на тренерот Томас Дол дека ќе стигнат до шампионската титула. Хамбург беше подобар тим во првото полувреме , но Баер кој во последно време игра извонредно и овојпат мудро ги сочека своите минути и успеа да слави победа со 2:0 :

Имавме големи шенси , ја погодивме и стативата ,проипуштивме многу шанси за постигнување гол и едноставно не требаше да се случи тоа. Честитки за Леверкузан – резигнирано по натпреварот говореше тренерот на Хамбургер , Томас Дол.

Неговиот колега од Баер Михаел Скибе разбирливо со сосема поинакво расположение по средбата :

„Многу сум среќен, како и сите во Баер , што не изгубивме од Хамбургеер по третпат сезонава и оти денеска освоивме многу значајни поени за нас во борбата за петото место кое води во Европа.

Третопласираниот Вердер од Бремен меѓутоа успеа само за еден бод да ја намали разликата до Хамбургер, откако премногу пријателски одигра со главниот конкурент за преостанатото место кое води во Лигата на Шампионите , четвртопласираниот Шалке 04.

По екипата од Гелзенкирхен на петото место кое води во купот на УЕФА се наоѓа Баер од Леверкузен , а шестопласираната Херта изгуби два значајни бода во Мехненгладбах каде што играше 2:2 со домашната Борусија и сега и недостасуваат два бода за излез во Европа.

Подеднакво интересна во Бундеслигата е и битката за опстанок .

Воскреснувањето на екипата на Келн продолжи и во ова коло. Екипата која не е поразана во последните пет кола во која згора на тоа освои и девет бодови , продолжи со успешните игри. Во дуелот на дното , претпоследнопласираниот келн го совлада Дуизбург со 3:1. Но дали е тоа доволно за опстанок:

“Доколку игравме вака на почетокот од пролетната полусезона , доколку настапувавме вака стабилно и сигруно , немаше де бидеме долу на табелата . Но по сеизгледа сега е предоцна“- песимист е стрелецот на првиот гол за Келн , Алберт Штрајт .

Дуизбург пак по средбата во Келн ги изгуби сите надежи за опстанок.

„Немам зборови искрено да кажам . Не можам да си објаснам , работевме , се боревме се вративме во игра и тогаш се случува една таква глупост“- револтирано го опиша изходот на саботниот натпревар но и на многу други претходно стрелецот на голот за Дуизбург Абделазиз Аханфуф.

Но успехот на келн во ова коло го следеа и уште три екипи кои се во опасната зона за испаѓање од Бундеслигата. Ајнтрахт од Франкфурт го совлада нагости Штудгарт со 2: 0 . Волфсбург истотака нагости беше поуспешен од Арминија од Билефелд со 1:0 , а со ист минимален резултат екипата на Кајзерслаутерн славеше дома против Хановер:

„Сега можеме да продолжиме во Франкфурт на истиов начин. Ни останува уште и Волфсбург а можеме и Баерн дома да го победиме . Значи се е во наши раце по оваа победа денеска“ – оптимистички гледа на последните три кола тренерот на 16-то пласираниот кајзерслаутерн Волфганг Волф.

Борусија од Дортмунд и Нинберг го одиграа можеби најмалку привлечниот натпревар во ова коло од Бундеслигата со оглед на нивниот моментален пласман на табелата , На недостижна далечина од пласманот од Европа и безбедна оддалеченост од зоната за испаѓање. Борусија одигра подобро и славеше дома со 2:1.

Нови возбудувања во напреварите во Формула 1: по едногодишна „суша„, возачот на Ферари, Михаел Шумахер победи во трката за Големата награда на Сан Марино на патеката во Имола. За седумкратниот светски првак тоа беше и седма победа на оваа патека, односно вкупно 85-та во неговата кариера. Второто место го освои актуелниот светски првак, возачот на Рено, Фернандо Алонзо кој за целото време конкурираше за победа. Третото место му припадна на возачот на Мекларен Мерцедес, Хуан Пабло Монтоја.

Во вкупниот пласман по 4 трки, и натаму води светскиот првак Алонзо со 36 поени, сега пред Шумахер кој има 21, додека на третото место е Кими Раиконен со 18. Кај конструкторите води Рено со 51, пред Мекларен Мерцедес со 33 и Ферари со 30 бодови.

Од боксот:

Украинскиот Германец Владимир Кличко се врати на тронот во тешка категорија. 30-годишниот Украинец во саботата вечер пред 14 илјади гледачи го победи светскиот првак во верзијата на ИБВ Крис Брд од САД со технички нокаут во седмата рунда. Тоа беше негова 45 победа во досегашните 49 професионални борби. По победата Кличко изјави:

„Респект за противникот, покажа големо срце. Не сум видел таков противник кој добил толку удари, а сепак продолжи да се бори, покажувајќи голема храброст„.