1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн се зацврсти на врвот

Вердер Бремен трет натпревар по ред без победа. Шалке 04 со триумф во Берлин против Херта се врати во игра.

default

Двојниот стрелец за Баерн, Лука Тони

Баерн Минхен ја зголеми лидерската предност на табелата во Бундеслигата по саботната победа против Баер Леверкузен. Предноста на баварците пред второпласираниот Хамбург, кој ремизираше 1:1 против Волфсбург, изнесува седум бодови.

Третото место на табелата кое води во квалификациите за Лигата на шампионите го делат Баер Леверкузен, Вердер и Шалке 04. Тимот на Мирко Сломка по вчерашниот триумф во Берлин против Херта од 2:1 е отмисит за пласман во елитното клупско натпреварување:

„ Многу сме радосни со победата, радосни сме дека продолжуваме натаму кон нашата цел да освоиме едно од трите први места. Сега имаме 44 бодови и учествуваме во трката„ изјави тренерот на Шалке

Вердер Бремен третпат едноподруго е без победа. На гости во Билефелд против Арминија тимот на Томас Шааф одигра само 1:1. Првиот натпревар во есенскиот дел Бремен го доби со 8:1.

Актуелниот првак, Штутгарт по победата од 4:1 против Росток, е на три бодови од местото на табелата кое води во купот на УЕФА. Херта по поразот од Шалке падна на 12 позиција. Тренерот Лусиен Фавре е лут пред се заради тоа што Шалке уште во раната фаза од натпреварот дојде во предност од 2:0:

„ Првите 20 минути ги преспавме. Потоа мислам дека игравме добро, но на крај резултатот беше 2:1. Загубивме најмалку еден бод„

Едно место подолу на табелата е Борусија Дортмунд која одигра само 1:1 против Карлсруе. На дното од табелата е без промени Дуизбург и по ремито против Хановер од 1:1 е последен со 19 бодови. Исто толку има и претпоследнопласираниот Нирнберг кој со идентичен резултат одигра против Бохум. Во зоната на испаѓање повторно е и Котбус, кој во Франкфурт од истоимениот домаќин претрпе пораз од 2:1. Во опасната зона е и Арминија Билефелд. Тренерот Михаел Фронцек по нерешените 1:1 против Вердер Бремен е задоволен:

„ Се наоѓаме на добар пат. Ќе продолжиме натаму со цел да ги освоиме потребните бодови за опстанок во лигата„изјави Фронцек