1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн по 20-ти пат стана првак на Германија во фудбал

Една недела по освојувањето на Купот на Германија, Баерн ја обезбеди и титулата во првенството на едно коло пред крајот

Баерн - славје уште на теренот

Баерн - славје уште на теренот

Нерешениот резултат на гостувањето кај Кајзерслаутерн од 1 спрема 1 му беше доволен на Баерн (Минхен) бидејќи единствениот конкурент Хамбургер е совладан од Херта во Берлин со 4 спрема 2.

Тренерот на Баерн Феликс Магат веднаш по натпреварот оцени: „Се разбира, горд сум и радосен поради остварувањата на екипата во текот на целата година. Имаше и натпревари кои не беа толку добри, но и тоа е нормално. Мислам дека овде во Кајзерслаутерн постигнавме нешто единствено со одбраната на титулата во првенството, откако претходно го одбранивме и освоениот Куп. Поради тоа, ова е една извонредна сезона, извонредно остварување. На тоа можеме да бидеме горди сите во фудбалскиот клуб Баерн“.

Освојувањето на титулата синоќа Баерн го славеше во Келн, на брод на реката Рајна. Притоа менаџерот Ули Хенес соопшти дека во наредната сезона за Баерн ќе настапува играчот на Келн и репрезентативец Лукас Подолски, чиј клуб се сели во Втората лига.

Другите резултати од претпоследното коло во Бундеслигата:

Вердер – Келн 6 спрема 0, Арминија – Дуизбург 0 спрема 2, Мајнц – Шалке 1 спрема 0, Штутгарт – Волфсбург 2 спрема 1, Борусија (Дортмунд) – Ајнтрахт 1 спрема 1, Борусија (Менхенгладбах) – Хановер 2 спрема 2 и Баер (Леверкузен) – Нирнберг 2 спрема 2.