1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн поразен, Хамилтон прв во формула еден

24-тото коло на фудбалската Бундеслига донесе едно големо изненадување - пораз на Баерн од досега последнопласираниот Енерги. Стартот на новата сезона во формула еден под знакот на Луис Хамилтон.

default

Формула еден: Ник Хајдфелд, победникот Луис Хамилтон и Нико Розберг на подиумот во Мелбурн

Баерн сам се потруди да го направи првенството поинтересно и понеизвесно, како на врвот, исто така и на дното. Лидерот на табелата му гостуваше на последнопласираниот Енерги во Котбус и беше убедливо поразен со 2 спрема 0. Рибери при 1 спрема 0 не искористи пенал - голманот Тремел му го обрани ударот. „Секогаш може да се загуби натпревар, но зависи како. Ние игравме некако отсутно. Енерги се бореше за секој метар од теренот, ние не ја прифативме борбата, туку сакавме само со играчки средства да дојдеме до успех. Така не се победува не само на меѓународен план, туку ни во Котбус“ - рече тренерот на Баерн Отмар Хицфелд. Хамбургер ја победи Борусија Дортмунд со 1 спрема 0 и ја намали предноста на Баерн на пет бодови. Ајнтрахт како гостин го совлада Карлсруе со 1 спрема 0. Нерешено завршија средбите Хановер - Арминија 2 спрема 2, Бохум - Штутгарт 1 спрема 1 и Ханза - Херта 0 спрема 0. Во петокот Шалке го совлада Дуизбург со 1 спрема 0.
Триумф на Хамлтон, фијаско на Ферари
Резиме на првата трка од годинашното светско првенство во автомобилизам формула еден за Големата награда на Австралија во Мелбурн: победа на Хамилтон од Мекларен Мерцедес, силен старт на Хајдфелд од БМВ Заубер и Розберг од Вилијамс, кој за прв пат во кариерата се искачи на подиумот освојувајќи го третото место. Фијаско на Ферари - обајцата возачи не ја завршија трката, но светскиот првак Кими Рајконен сепак обезбеди еден поен и пласман на осмо место по дисквалификацијата на Барикело, возач на Хонда.

►◄