1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн понижен во Барселона

Баерн од Минхен во Барселона го доживеја најтешкиот пораз во досегашните настапи во Лигата на шампионите. Надежите на навивачите сега се насочени кон Хамбругер и Вердер кои денеска играат во купот на УЕФА.

default

Германската спортска јавност очекува на денешните први четврт-финални натпревари против Манчестер сити и Удинезе, преостанатите две германски екипи во купот на УЕФА, да се борат до последен здив. Имено доколку Хамбургер ја мине пречката наречена Манчестер сити, ќе биде чекор понапред до освојувањето на единствениот европски пехар кој недостасува во клупските витрини, со оглед дека екипата веќе ги имаа освоено Купот на европските шампиони и купот на победниците на куповите. За Вердер од Бремен, пак, успехот во купот на УЕФА е единствена шанса во оваа слаба сезона да се обезбеди излез на меѓународната сцена во наредната година.

HSV Hamburger SV Fans

Навивачите на Хамбургер подготвени да го дочекаат Манчестер сити

И Хамбургер и Вердер првите натпревари ги играат на домашен терен, а реваншите ќе се играат во Манчестер и во Удине, наредниот четврток. Денеска во Купот на УЕФА се играат и француско-украинските четврт-финални дуели Парис Сент Жермен- Динамо Киев и Шахтјар- Марсеј.

Румениге: „Вистинска бламажа“

Германскиот клупски фудбал денеска може да си го обели образот, по вчерашниот понижувачки пораз кој го доживеа актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн од Минхен во Барселона во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Победата на Барса од 4:0 и пред се’ надмоќта што ја демонстрираше тимот на Пеп Гвардиола, се доволни докази дека со реваншот во Минхен, наредниот вторник, веројатно ќе заврши и годинешниот настап на Баварците во европските купови.

Champions League München gegen Barcelona

Извонредниот Лионел Месе постигна два гола против Баерн

Тоа уште вчера му беше јасно на претседателот на управниот одбор на клубот од Минхен, Карл Хајнц Румениге:

„Со овој натпревар ние се разбира веќе сме надвор од Лигата на шампионите - тоа е јасно. Сега мораме во Бундеслигата да спасиме што може да се спаси - и тоа е јасно“, рече Румениге, кој оцени дека Баерн доживеал вистинска бламажа во Барселона.

Каталонците ги постигнаа сите четири гола уште во првото полувреме, но убиствената напаѓачка тројка Меси, Анри и Ето можеше да постигне уште најмалку толку голови.

Баерн беше безопасен и немоќен

Jürgen Klinsmann frustriert in Wolfsburg

Незадоволството од работата на Клинсман расте

„ Барселона денеска прикажа супер-фудбал и ни покажа до каде се нашите граници“, изјави одбранбениот играч Кристијан Лел по мечот.

По вчерашните 0:4 и саботните 1:5 против Волфсбург во Бундеслигата, се’ погласно е незадоволството на навивачите од работата на тренерот Јирген Клинсман.

„Тој не ги оствари неговите ветувања дека секој играч секој ден ќе биде подобар. Не излезе така“, разлутено реагира еден навивач на Баерн по вчерашниот меч.

Меѓутоа, одговорните во Баерн во моментов не сакаат да се води јавна дискусија околу тренерската позиција.

„Не сакам по секој натпревар, по секој пораз, да давам оценки за Јирген Клинсман“, изјави Румениге.

Инаку вчера, во англискиот четврт-финален дуел во Лигата на шампионите, Челзи успеја да го скрши малерот на „Енфилд роуд“ и да слави на гости против Ливерпул со 3:1.

Автор: ДВ/СИД/ Симе Недевски
Редактор: Жана Ацеска