1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Баерн повторно победи

*

Фудбалерите на минхенски Баерн извојуваа трета убедлива победа во третото коло од Бундеслигата. Тие го совладаа Хановер со 3:0. Баерн сега има два бода предност пред второпласираната Арминија која исто така извојува победа од 2:0 над берлинска Херта, и пред Бохум кој вчера го совлада Хамбург со 2:1. Прва победа сезонава остварија и Штутгарт и Вердер, а победа забележа и Баер Леверкузен. Актуелниот вицешампион Шалке денеска игра со Волфсбург, а во вториот дуел се среќаваат Ајнтрахт и Ханза.