1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн освојувач на купот по 13-ти пат

Во финалето во Берлин екипата од Минхен со минимални 1:0 беше поуспешна од Ајнтрахт од Франкфурт ,каде што настапува македонскиот репрезентативец Александар Васовски.

Олимпискиот стадион во Берлин - традиционално домаќин на финалето на купот

Олимпискиот стадион во Берлин - традиционално домаќин на финалето на купот

Баерн и Франкфурт играа рамноправно прво полувреме на преполниот олимписки стадион во Берлин . Франкфурт дури имаше и повеќе шанси за постигнување гол во првите 45 минути.

Веднаш по паузата меѓутоа фудбалерите на Баерн ја презедоа контролата врз играта и имаа неколку изгледни шанси за постигнување на гол , пред се преку холандскиот напаѓач Рој Макаи. Сепак голот кој ги доведе до одбраната на титулата , го постигна вториот напаѓач во вчерашниот состав на Баерн , Клаудио Пизаро

Босанскиот репрезентативец кој ги играше во првите 45 минути за на Баерн , Хасан Салихамиџиќ по средбата изјави:

„Беше тешко. Ние не игравме добро , морам искрено да кажам , но сепак го освоивме трофејот“

И голманот на баварците Оливер Кан кој со извонредна одбрана на три минути пред крајот на мечот спречи израмнување истотака смета дека среќата одиграла улога како во вчерашниот успех така и во неговата парада во 87 минута :

„За тоа нормално е потребно и малку среќа. Ништо не гледав , пред мене стоеја четворица или петмина. Некако успеав за кратко да го видам шутот и инстинктивно ја подигнав левата рака и успеав“

Неговиот колега на голот на Франкфурт и поранешен македонски репрезентативец , Ока Николов, по средбата изрази разочарување поради пропуштената шанса:

„ Ние бевме многу блиску, добро игравме но спек изгубивме 1:0

„Тие започнаа да го зголемуваат притисокот уште во првото полувреме и тој стануваше се поголем . Баерн е впрочем една врвна европска екипа. Против нив мора да се постигне гол инаку немате шанси“

Фудбалерите од Минхен кои се на пат и да ја одбранат шампионската титула во Бундеслигата трета година по ред го освојуваат купот на Германија . Играчите на Баерн меѓутоа по мечот се радуваа како да им е ова прва титула по подолг период. Менаџерот Ули Хенес има објаснување за тоа :

„Многу екипи никогаш не биле победници во купот на Германија. За нашите играчи тоа е секогаш одново извонредно нешто, кога можат на фановите да им презентираат уште една титула“