1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн не успеа да се пласира за полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите

Синоќа во Минхен Баерн го совлада Челзи со 3 спрема 2, но тоа не беше доволно бидејќи во првиот дуел англискиот претставник победи со 4 спрема 2. Инцидент и прекин на натпреварот во Милано меѓу Интер и Милан.

Мноштво светлечки ракети фрлени на теренот во Милано - судијата Мерк го прекина натпреварот

Мноштво светлечки ракети фрлени на теренот во Милано - судијата Мерк го прекина натпреварот

Германскиот претставник играше добро, но среќата беше на страната на противникот: Челзи и во Минхен, како и на првата средба во Лондон, постигна гол откако Лусио во обид да спречи удар на Лемпард го смени правецот на движење на топката и го измами голманот Кан. Писаро во второто полувреме донесе изедначување, Дрогба се погрижи за ново водство на гостите, а во последните пет минути прво Гереро израмни, а потоа на самиот крај Шол му донесе заслужена, но само утешна победа на својот тим. Баерн создаваше шанси, но не успеа да реализира доволно од нив за да дојде до неопходната победа од два гола разлика.

Средбата во Милано меѓу градските ривали Интер и Милан не го доживеа својот крај. Навивачите на Интер во второто полувреме, при водство на Милан со 1 спрема 0, на теренот фрлија многубројни светлечки ракети. Една од нив го погоди голманот на Милан Дида, натпреварот беше прекинат за 20 минути, но кога навивачите и по продолжението не престанаа да фрлаат ракети, германскиот судија Маркус Мерк ја прекина средбата. Европската фудбалска унија (УЕФА) изутрината го прогласи Милан за победник и со тоа и за полуфиналист на Лигата на шампионите, а в петок со случајот ќе се позанимава и Дисциплинската комисија на УЕФА. Противник на Милан во полуфиналето ќе му биде победникот од четвртфиналниот дуел ПСВ Ајндховен – Олимпик Лион. Денеска уште се игра и реваншот меѓу Јувентус и Ливерпул.