1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн незадржлив во Бундеслигата

Баерн е осамен на врвот на табелата. Висок пораз на првакот Штутгарт. Нирнберг “се разбуди” од летаргијата. Добра ефикасност го карактеризира 10-тото коло од фудбалската Бундеслига. Јубилеи на Вердер и Хамбургер

default

Алмеида (зелен дрес) го постигнува јубилејниот, 2500-ти гол на Вердер во Бундеслигата

Баерн со победа против Бохум на гости со 2 спрема 1 ја наголеми предноста на 6 бодови пред Вердер и Хамбургер. “Бохум ни ја отежна работата несфатливо многу и еден бод не би бил незаслужен” – призна тренерот на гостите од Минхен Отмар Хицфелд. Баерн е непоразен од април, кога во претходното првенство загуби од Хамбургер.

Вердер во Бремен ја совлада Херта Берлин со 3 спрема 2. Првиот гол на Уго Алмеида во 57-та минута беше јубилеен, 2500-ти на Вердер во сите негови досегашни настапи во Бундеслигата. Ист јубилеј постигна и Хамбургер на средбата во која го прегази официјалниот првак Штутгарт со 4 спрема 1 - четвртиот гол, постигнат од Јорис Матајсен беше јубилејниот. Само Баерн со вкупно 3070 голови е поефикасен од Вердер и Хамбургер.

За тренерот на Хамбургер Хуб Стевенс, јубилејот беше сосем споредна работа: “Мислам дека публиката виде добар натпревар. Во првото полувреме бевме многу добри. Но, не смее да се случи при стандардна ситуација толку едноставно да примиме гол”. Армин Фе, тренер на Штутгарт, не може да сфати дека Стевенс по толку убедлива победа наоѓа забелешки: “Хамбургер заслужено победи, тука нема што друго да се каже. Нема лошо да зборувам ни за мојот тим, противникот го пофалив и нема место за други зборови”.

Карслруе не може да држи чекор?

Карлсруе дома одигра 0 спрема 0 со Арминија Билефелд и со 19 бодови падна на четвртото место. “Сакавме безусловно да го добиеме натпреварот и да ги задржиме трите бодови во Карслруе. За жал, не успеавме, но не може ни да се очекува дека ќе го победиме секого кој ќе гостува овде”, рече Еде Бекер, тренер на домашниот тим. Колегата од Арминија Ернст Мидендорп беше позадоволен: “За нас е важно што ја запревме серијата од четири последовни порази, се вративме на вистинскиот колосек”.

Шалке на гостувањето кај Ханза во Росток одигра нерешено 1 спрема 1 и е на петтото место со 17 бодови, исто колку што има и Хановер, кој дома одигра нерешено 2 спрема 2 со Волфсбург. "Мислам дека денеска прикажавме навистина добра игра од страна на обете екипи. Посакувавме и трет гол, повремено висеше во воздух. Денеска покажавме дека повторно направивме чекор напред, иако тоа не беше доволно за победа” – оцени Дитер Хекинг, тренер на Хановер. Волфсбург веќе пет кола не знае за пораз.

Со ист резултат - 2 спрема 2 - заврши и дуелот во Леверкузен меѓу Баер и Борусија Дортмунд. Баер е 7-мо пласиран со 15 бодови, исто толку има и Ајнтрахт Франкфурт, кој доживеа тежок пораз во Нирнберг.

Напаѓачите на Нирнберг најрасположени

Домаќинот на тој дуел како да се разбуди од летаргија. По примениот гол уследи серија од пет погодоци и прва победа на Нирнберг дома против Ајнтрахт Франкфурт во прволигашка конкуренција за последните 20 години. “Се разбира дека сум многу задоволен. Ќе бев задоволен и со грчевито изборена победа до 1 спрема 0 или 2 спрема 1. Останувам на тоа дека во ваква ситуација само победата е важна. Уште подобро е што им приредивме празник на навивачите, но тоа е само додаток” – прокоментира тренерот Ханс Маер.

Волфсбург, Херта и Борусија Дортмунд од 9-тото до 11-тото место имаат по 13 бодови, Арминија е 12-та со 11. Ханза и Штутгарт досега освоија по 10 бодови, Нирнберг, Бохум и Дуизбург по 9, а Енерги Котбус има 4 и и натаму е без победа. Во ова коло дома загуби од директниот конкурент Дуизбург со 2 спрема 1.

Со вкупно 32 гола ова е второ по ефикасност коло во првенството. Напаѓачкиот тандем на Баерн Клозе и Тони се на чело и на листата на стрелците во лигата со по 8 голови. Ивица Олиќ во дресот на Хамбургер постигна три голови против Штутгарт. Мартин Демикелис го одигра 100-от натпревар во Бундеслигата – сите во дресот на Баерн, додека Маик Франц од Карслруе стигна до истата бројка настапувајќи претходно и за Волфсбург. Давид Писот од Штутгарт и Нилс Фишер од Арминија, пак, дебитираа во Бундеслигата.

Бенјамин Вуст / Зоран Јордановски