1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн Минхен се зацврсти на лидерската позиција

Осмото коло во Бундеслигата не донесе големи изненадувања. Рекордна победа на Вердер

default

Мирослав Клозе

Милионерскиот тим под водство на Отмар Хицфелд минимално славеше на жешкиот терен во Леверкзен, протв Баерн со 1:0

„ Тоа беше уште една фаза на притисок врз Баерн, одигравме неколку добри контра напади, во кои се почувствува недостаток од прецизност. Тоа беше тежок натпревар против еден силен противник„ изјави тренерот Хицфелд

Шалке 04 се проби на второто место на табелата со победата против Херта, исто така со 1:0. Изненадување е третото место на кое се наоѓа Карслруе, кој ја победи Борусија Дортмунд со 3:1. Четврти и пети се Баер Леверкузен и Вердер Бремен кој во саботата ја постигна својата рекордна победа во Бундеслигата. Дома ја совлада Армија со 8:1.

„ Мислевме дека ќе биде тежок натпревар, но тогаш тимот одигра сигурно во нападот и во една таква еуфорија нормално е тоа да се случи„ изјави задоволно по мечот менаџерот на Вердер Клаус Алофс

Шести на табелата е Хамбург кој дома одигра 2:2 против Волфсбург. На разочарувачкото десето место е актуелниот шампион Штутгарт, кој од гостувањето во Росток, против Ханза се врати со пораз од 2:1. Тренерот Армин Ве се разбира е незадоволен:

„ Морам да кажам дека ми дојде преку глава. Едноставно примаме многу голови, што претставува проблем„

Котбус и со нов тренер без победа

Нов тренер, стари проблеми и за Енерги Котбус кој по осум одиграни кола е единствениот тим без победа. Во дуелот против Франкфурт, Котбус водеше со 2:0, но на крајот мораше да се задоволи само со нерешени 2:2:

„ Одигравме супер во првото полувреме. Во вториот дел загубивме на сила. За почеток беше добро. Мораме да правиме помалку грешки и тогаш се ќе биде подобро„ изјави тренерот Бојан Прасникар

Франкфурт е осми, со еден бод заостанување зад Хановер кој по победата против Дуизбург со 2:1 се проби на седмата позиција. Девета е Херта, а потоа следуваат Штутгарт, Билефелд, Волфсбург и Бохум. Росток и Борусија Дортмунд се последните два тима кои се надвор од опасната зона на испаѓање која ја сочинуваат Нирнберг, Дузизбург и Котбус.

Хамилтон на чекор до титулата

Луиз Хамилтон е на чекор до освојувањето на својата прва титула во формула еден. По триумфот на трката за големата награда на Јапонија, 22 годишниот британец е пред историска можност да стане првиот дебитант кој го освоил шампионатот. Тоа може да му појде од рака веќе на наредната трка за големата награда на Кина.

На две трки пред крајот, Хамилтон има 12 поени предност пред Алонзо кој не ја заврши вчерашната трка. Место на подиумот во Јапонија освоија Хаики Ковалаинен од Рено и Кими Раиконен од Ферари. Бодови освоија уште Дејвид Култхард од Ред Бул, Џанкарло Физикела од Рено, Фелипе Маса од Ферари, Роберт Кубица од БМВ. Осми беше германецот Адријан Сутил, кој му ги донесе првите бодови на тимот на Спајкер.

Хамилтон води во генералниот пласман со 107 бодови, пред тимскиот колега Алонзо кој има 95. Трет е Кими Раиконен со 90 бодови.