1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн лидер на табелата

Новото коло од Бундеслигата викендов донесе нови возбудување, актуелниот шампион Баерн се врати на лидерската позиција на табелата.

Баерн против Алманија Ахен

Баерн против Алманија Ахен

Баерн од Минхен се врати на лидерската позиција во фудбалската Бундеслига. Актуелниот шампион по триумфот во саботата против Алеманиа од Ахен со 2:1 остана на врвот благодарение на синоќешните 1:1 во мечот меѓу Енерги Котбус и Нирнберг. Избраниците на Петрик Сандер ја пропуштија можноста со триумф на гостински терен да ја задржат лидерската позиција. Нирнберг имаше повеќе од играта, беше подобар тим, но пропушти неколку изгледни шанси. „Играчите веројатно премногу гледале во табелата. Едвај можевме решително да се пробиеме. При 1:1 во офанзивната игра не излезе ништо. Дури и нашите атрактивни долги додавања, не дојдоа до израз„ изјави тренеерот Сандер

Можноста да се најде на врвот на табелата ја пропушти и Херта од Берлин која против Мајнц исто така освои бод, 1:1. Киксот на Херта го искористи Шалке кој со победата против Волфсбург од 2:0 со десет освоени бодови му се приклучи на Баерн на делбата на првата позиција.

Од ваквиот развој на настаните профитираше Баерн кој иако повторно одигра слабо освои три бода и ја презеде лидерската позиција. Новиот прволигаш Алеманија од Ахен поведе. Баварците израмнија преку Клаудио Пизаро по една сомнителна акција, голот за конечен триумф го постигна Марк Ван Бомел. Тренерот Феликс Магат е свесен дека Баерн игра под своето ниво „Нашата игра почна да се развива дури по поразот од 1:0. Пред тоа не вршевме доволен притисок, туку мислевме дека победата ќе дојде сама по себе.“ „Бевме малку под притисок рековме дека на домашен терен мораме да победиме што се виде од почетокот. Дури по примениот гол се разигравме и сфативме дека треба да напаѓаме. Сепак важно е што освоивме три бода„ рече Даниел Фон Бојтен

Инаку дербито на колото меѓу Хамбург и Вередр заврши без победник 1:1. Првата победа во првенството ја забележа Бохум во дуелот против Арминија Билефелд . Избраниците на тренерот Марсел Колер славеа со 2:1 и се одлепија од дното на табелата. Арминија по поразот падна едно место подолу, со четири освоени бодови сега е 15, Бохум со исто толку бодови е 16. Тренерот Колер се разбира е задоволен по првиот триумф во сезонава: „Тимот покажа добар каракетр и одигра добар натпревар. Можевме да победиме и со повисок резултат.“

Во останатите дуели Хановер и Баер Леверкузен одиграа нерешени 1:1, идентично заврши ии дуелот во Штутгарт меѓу истоимениот домаќин и Ајнтрахт од Франкфурт. Борусија Менхенгладбах во петокот со минималн 1:0 ја совлада Борусија од Дортмунд.