1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн и Борусија (Д) финалисти на Купот на Германија

Во вториот полуфинален дуел Баерн во Минхен го совлада Волфсбург со 2 спрема 0. Претходно во Дортмунд Борусија го совлада тимот на Карл Цајс од Јена. Финалето ќе се игра на 19-ти април во Берлин.

default

За голманот на Баерн Оливер Кан ова ќе биде седмо финале на Купот, со што е рекордер во Германија

Баерн е по 16-ти пат финалист, Борусија за прв пат по цели 19 години во завршната претстава на Купот. Берлин очекува спектакл, оти финалистите се единствените германски екипи - освојувачи на европската Лига на шампионите и тоа обете под раководство на сегашниот тренер на Баерн Отмар Хицфелд. Тој има шанса да ја заврши работата во Минхен со освојување можеби и на три титули, покрај Купот, уште и во првенството, како и во Купот на УЕФА, пред да го преземе водењето на репрезентацијата на Швајцарија. „Екипата денеска се рехабилитира за првенствениот пораз од Енерги во Котбус. Знаевме дека Волфсбург е многу силен тим и со право е најдобар во пролетниот дел од првенството досега. Нивната победа во Бремен беше предупредување за нас и поради тоа ние бевме многу концентрирани“ - рече Хицфелд. Баерн навистина играше добро, доминираше во текот на целиот натпревар, а покрај головите на Рибери (60. минута) и Клозе (66.), имаше уште неколку неискористени шанси. Волфсбург, според текот на настаните, објективно немаше изгледи за успех во средбата одиграна пред 62 илјади гледачи. „Огормно е нашето разочарување. Цел ни беше да стигнеме во финалето, овде дојдовме за да победиме. Не успеавме и оттука и разочарувањето“ - рече голмaнот на Волфсбург Диего Беналјо.
Пласманот во финалето и’ ја отвори на Борусија вратата од фудбалска Европа
Претходно Борусија во Дортмунд го совлада резултатски убедливо со 3 спрема 0 второлигашот Карл Цајс од Јена, кој годинава во Купот елиминира неколку фаворити. Со тоа Борусија практично веќе си ја отвори врата од европската сцена, со оглед на тоа дека Баерн е на најдобар пат да ја освои шампионската титула. „Едно такво финале е најголемото што може да се доживее, покрај првенството, и сега бескрајно му се радувам на патот во Берлин“ - вели капитенот на Борусија Кристијан Вернс, кој отсуствуваше на полуфиналето, но секако ќе биде актер на финалниот дуел.

►◄