1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн елиминиран

Фубалерите на Реал Мадрид, Арсенал, Монако и на европскиот првак Милан синоќа се пласираа во четвртфиналето на европската лига на шампионите и им се приклучија на Челзи, Депортиво, Порто и Олимпик кои обезбедија пласман во вторникот. Жрепката за четвртфиналето ќе се одржи утре во Нион. Дербито се одигра во Мадрид каде што деветкратниот европски првак Реал го пречека двојниот првак Баерн по нерешените 1 спрема 1 во Минхен. Во тврдиот и по малку бурен меч, Реал со мајсторијата на Зинедин Зидан обезбеди гол што беше капитал кој одличната одбрана на Реал успеа да го одбрани. По мечот тренерот на Баерн Отмар Хицфелд изјави: "Се разбира дека сум разочаран што не ни успеа да се квалификуваме зашто презедовме многу и се надевавме зашто уште на првиот натпревар во Минхен видовме дека можеме да бидеме рамноправни. Но вечерва видовме дека Реал е супер екипа". Голманот на Баерн Оливер Кан: "Точно е дека по малку несреќно загубивме. Се сретнавме со Реал кој е силен, но не и непобедлив. Нам вечерва ни недостигаше гол". Милан конечно ја прекина серијата без голови и експлодираше во реванш мечот со Спарта по 0 спрема 0 во Прага. Победи со 4 спрема 1. Монако се пласираше натаму по победата над Локомотива од Москва со 1 спрема 0. Арсенал без проблеми го доби мечот против Селта со 2 спрема 0 која настапи без неколкумина клучни фубалери.