1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн елиминиран од Купот на Германија!

Сензацијата ја приреди Алеманија Ахен. Тоа е прв пораз на Баерн во куп-средба по 14 последовни победи

Алеманија Ахен против Баерн Минхен

Алеманија Ахен против Баерн Минхен

Бранителот на титулата во Германскиот фудбалски куп Баерн од Минхен е елиминиран од понатамошните натпревари во годинашниот куп: во осминафиналето во Ахен, Алеманија го совлада Баерн со 4 спрема 2.

Синоќе се постигнати и овие резултати:

Хановер – Дуизбург 1 спрема 0

Гројтер Фирт – Волфсбург 1 спрема 3

Кикерс Офенбах – Вакер Бургхаузен 2 спрема 1.

Претходно, во вторникот, за четвртфиналето пласман обезбедија и Штутгарт, Херта Берлин, Ајнтрахт Франкфурт и Нирнберг.