1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн доминантен, германските кануисти исто така!

Фуриозен старт на фаворитот за титулата во германското фудбалско првенство – Баерн од Минхен. Дожд од медали за германските кануисти на светското првенство во Дуисбург.

default

Германските кануисти го „растурија„ остатокот од светот

Старт на 45-тото фудбалско првенство во Германија по мерка на фаворитот Баерн: против Росток со убедлива игра победи со 3 спрема 0 и веќе е на чело на табелата. Тренерот Отмар Хицфлед задоволен:

„Секако првиот натпревар секогаш е тежок, зашто никој не знае какви му се можностите. Противникот во подготовките беше добар, покажа морал со намера да приреди сензација. Мислам дека суверено ја котролиравме играта„.

За Баерн се мина според планот: победа против Росток, првакот Штутгарт и вице-првакот Шалке во петокот играа нерешено 2 спрема 2, а другиот конкурент за титулата Вердер од Бремен од Бохум се врати само со бод по, исто така, нерешените 2 спрема 2. Тренерот на Вердер Томас Шаф:

„Секој почеток е тежок. Тогаш се гледа дека не оди се подмачкано. Водиш со 2 спрема 0, но не се затворивме доволно и затоа не треба да се жалиме„.

Незадоволство во Бремен, радост во Бохум. Тренерот Марсел Колер задоволен:

„Уште во минатата сезона ни беше јасно дека не смееме претерано да се отвориме, зашто противникот тоа брутално го искористи. Овојпат успеавме„.

Тоа помалку му успеа на Баер од Леверкузен. И покрај големиот број шанси против Котбус не постигна повеќе од 0 спрема 0. Напротив, се славеше во Франкфурт и Хамбург. Ајнтрахт ја совлада Херта од Берлин со 1 спрема 0, а Хамбург славеше во Хановер, првпат по 19 години. По 90 минути резултатот беше 1 спрема 0 за екипата на тренерот Хуб Стевенс:

„Хановер имаше одлични подготовки, а играчки мошне добра екипа. Затоа мора да се биде задоволен со 1 спрема 0, да се затворат очите и да се замине дома„.

Навивачите на Волфсбург најрадо ќе ги затвореа очите уште на стадионот. Тренерот Феликс Магат најави успех и првите три бода против Билефелд, а на крајот загуби - 3 спрема 1.

„Тоа е дел од проблемот кога се имаат многу нови фудбалери, но и нов тренер кој има поинакви идеи од претходникот. За сето тоа е потребно време и тоа се покажа на овој натпревар„.

Но, тука не завршија изненадувањата. Во двата вчерашни натпревара победија гостите и во обата случаја сензациите ги приредија новајлиите. Дуисбург ја совлада Борусија во Дортмунд со 3 спрема 1, а Карлсруе победникот на купот Нирнберг со 2 спрема 0.

Тренерот на Борусија Томас Дол:

„Во ниту една фаза од натпреварот не го спроведовме договореното. Некои од фубалерите играа како да сме се уште на подготовки, а не дека почна првенството„.

Јасно, тренерот на Дуисбург, Руди Бемер задоволен:

„Ова се првите три бода во борбата за опстанок. Не смееме веднаш да поставуваме нови цели. Пред нас е тешка сезона„.

Томас Хајнал, тренерот на Карлсруе, задоволен од тројката на противнички терен:

„Одлично доживување и се надевам дека ќе има уште по некое вакво во текот на сезоната„.

За разлика од него, првиот човек на Нирнберг Ханс Мајер, се обиде да биде реален:

„Воопшто не сум изненаден, зашто знам дека имавме проблеми во подготовките, посебно со повреди. Но, и со стабилни единаесет за кои ќе можам да кажам дека ја имаат мојата доверба„.

Како и да е, некои од таканаречените мали им ги скршија нозете на некои од таканаречените големи. По првото коло Баерн го окупира лидерското место, но колку вистина е моќен ќе покаже идниот натпревар на жешкиот терен на Вердер во Бремен.

Од другите спортови. Вниманието во минатиот викенд го привлече светското првенство во кану чиј домаќин беше Германија. Кануистите на оваа земја во Дуисбург освоија дожд медали: 9 златни, шест сребрени и три бронзени. Вчера збирката ја збогатија двата двојци во машка и женска конкуренција, на патеката од 500 метри. Нови светски прваци во машка конкуренција се Роналд Раухе и Тим Вискетер, а во женска Фани Фишер и Никол Рајнхарт. Вискетер по трката изјави:

„Ни успеа да ја продолжиме победничката серија и затоа сме посебно среќни„.

Во тек е и велосипедската трка низ Германија на која вчера се возеше третата етапа. Во спринтот во финишот на етапата во Офенбург победи Ерик Цабел од тимот Милрам:

„Секако не станува збор за истото чувство како пред 10 или 15 години. Со тоа што победив на една етапа не станав ниту подобар, ниту полош човек. Како што минува времето, така и нештата се релативираат„. Инаку жолтата маичка остана во посед на Јенс Фогт, кој е и бранител – победник на минатогодошниот Дојчланд тур.

Поврзана содржина