1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баерн го зголемува водството на табелата во Бундеслигата

Вердер Бремен блеска со минатогодишниот шампионски сјај

Паоло Гереро од Баерн го постигна еден од победничките голови против Баер од Леверкузен

Паоло Гереро од Баерн го постигна еден од победничките голови против Баер од Леверкузен

Баерн Минхен го продолжи сигурниот курс кон 19 шампионска титула во фудбалската бундеслигата. 45 илјади гледачи на олимпискиот стадион во Минхен во саботата не ја славеа само заслужената победа од 2:0 во една воодушевувачка и одлична игра против утиот ривал Баерн од Леверкузен , туку истовремено и нерешениот резултата на најсериозниот противкандидат за титулата Шалке 04 во Росток .

Ханза и синобелите од Гелзенкирхен имено одиграа 2:2 .

Што се однесува пак до победата на баерн постигната со головите на Макаи од пенал и Паоло Гереро беше урнат и митот за непобедливост на Леверкузен во Минхен кој траеше цели 15 години.

Особено задоволен беше тренерот на Баерн , Феликс магат кој го имаше 250 натпревар во Бундеслигата како тренер:

"Ние имавме репект кон Баер денеска истотака ,и тоа пред се во првото полувреме. Тогаш и ние многу лошо игравме . Но во второто полувреме , сметам дека одигравме навистина добро , бевме посуверени и пбедивме со заслужени два спрема нула" –изјави по натпреварот тренерот на Баварците Феликс Магат

Еден од највозбудливите натпревари во 20 коло во Бундеслигата го одиграа екипите на Волфсбург и актуелниот шампион Вердер од Бремен .

Волсбург водеше со 2:0 се до 49 минута од натпреварот на домашен терен но гостите од Вердер успеаја да се вратат во игра да победат и да потсетат на својот сјај од минатат сезона.

"Нашата екипа како и секогаш повторно ги покажа своите квалитети : дека верува во себе и дека секогаш може да се врати во игра. И тоа го направи денеска"- изјави по натпреварот тренерот на вердер, Томас Шааф.

Со сличен победнички коментар, настапи и хрватскиот играч во дресот на Вердер Иван Класниќ.

"Кога успеавме да стигнеме до 2:1 и натаму верувавме во победа , и поради тоа впрочем и постигнавме три гола"-изјави Класниќ

Во 20 коло од Бундеслигата забележливи беа успесите на на гостинските екипи како оваа на Вердер. Така Борусија Дортмунд беше поуспешна од Хановер со 3:1, Хамбург славеше идентично во Нирнберг а Херта од Берлин убедлива со 3:0 против Мајнц . Со 1:1 завршија преостанатите два натпревари во колото Бохум против Арминија Билефелд и Штудгарт против Кајзерслаутерн.