1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Багис до ЕУ: Турција има и други опции

Пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, на која ќе се разговара за преговорите за приклучување на Турција, шефот на дипломатијата на таа земја се закани со „одговор“, доколку не се отворат нови поглавја.

Турција бара продолжување на преговарачкиот процес за приклучување кон ЕУ. Не е фер да се блокира отворање на нови поглавја во преговорите под политичка принуда, изјави турскиот министер за европски прашања Егемен Багис (на фотографијата) за весникот „Зиддојче цајтунг“. Доколку неделава не бидат почанти преговори за нови теми, Турција има „одговор“, нагласува Багис. Тој не наведува детали како тој одговор би изгледал, но потенцира: „Само толку - Турција има и други опции“.

Според извори во ЕУ, против отворање ново поглавје во преговорите со Турција е Германија, а сомнежи изразува и Холандија. Тензии има поради постапките на турските безбедносни сили против демонстрантите во Турција. Германската канцеларка Ангела Меркел минатата недела изрази скепса околу продолжување на преговорите со Анкара, а шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле вчера (23.06) нагласи дека можеби има уште една шанса за добро решение. „Работиме на тоа“, рече Вестервеле, додавајќи дека е рано да се информира за детали.

Во преговорите со Турција досега е затворено само едно од вкупно 35 поглавја. Отворени се уште десетина поглавја, последното во 2010 година.