1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Багдад – ѕид

Ирачкиот премиер, Нури Ал-Малики од САД побара да биде запрена изградбата на ѕидот во еден сунитски кварт на Багдад. Малики е против изградба на ѕидот зашто тоа го потсетувало на други такви случаи во историјата. Сунитскиот кварт Адхамија функционира како енклава во шиитскиот источен дел на Багдад. Американската армија со изградба на ѕидот сакаат да ги спречат постојаните судири меѓу сунитските и шиитските екстремисти во соседните квартови.