1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бавно напредуваат преговорите за трупите во Либан

Преговорите во ОН околу мировните трупи кои треба да се испратат во Либан напредуваат полека. На конференцијата која вчера се одржа во Њујорк, каде беа присутни претставници на 49 нации се слушнаа многу малку конкретни предлози

Овој војник се уште не си ги знае задачите

Овој војник се уште не си ги знае задачите

Едно решение беше јасно кажано. Веќе постоечката мисија на ОН во Либан, УНИФИЛ треба за десетина дена да биде засилена со уште 3500 мировници. Но, тоа е малку ако се знае дека целата нова мисија треба да брои 15 000 члена. Само Бангладеш, Индонезија, Малезија, Непал и Данска јасно ја изразија својата поддршка за мисијата, од 49 земји кои беа присутни на средбата. Останатите земји, особено европските кои гласно бараа испраќање сили и најавуваа свое учество меѓу кои и Франција која се најавуваше како командант на силите во новата мисија, па и Германија сакаат прво да видат каков мандат ќе има мисијата. Франција сега ќе испрати само 200 војници во Либан. Иако времето и ситуациајта притискаат, се уште е нејасно каков мандат и колкаво времетраење ќе има новата мисија во Либан. Дури ни УНИФИЛ не знае какви задачи треба да извршуваат. Портпаролот на оваа мисија Милош Стругар за Си ен ен изјави:

„Што се однесува до нашите задачи на теренот се уште се разговара во ОН. Наскоро очекуваме да добиеме и конкретни насоки за тоа како треба да реагираме во која ситуација“, изјави Стругар.

Поврзана содржина