1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Баварски бисер

На тврдината Кајзербург или во уличките со реновираните фасади во традиционален стил низ кои води историската туристичка рута, стариот дел од Нирнберг, пред се`навечер, блеснува во сјајот на неговата долга историја.

default

Туристички магнет: божиќен панаѓур во Нирнберг

Покрај импресивната историја Нирнберг нуди многу повеќе: модерни претпријатија, специјалитети како нирнбершките медени колачи и колбаси, но исто така и „клубери“, играчите на ФК Нирнберг.

22. Spieltag Bundesliga 1.FC Nürnberg - Bayer 04 Leverkusen

Баер Леверкузен и ФК Нирнберг во 2005 година

Клубот е еден од фудбалските тимови во Германија со најбогата традиција и вкупно девет победи на првенството.

Историја на уметноста

Многу детали од улиците во стариот дел на градот потсетуваат на Албрехт Дирер, генијот од средниот век. Пред куќата на Дирер, еден современ уметник реализирал омаж на љубовта на Дирер за животинскиот свет. Скулптурата е огромен бронзен зајак, со провокативно тажни очи.

Локална историја

„Drei in am Weckla“ на нирнбершки дијалект значи „три во едно лепче“, нормално лепче со три мали нирнбершки печени колбаси. Имало и такви случаи кога вегетаријанци ја менувале својата определба за време на јадењето. Вообичаениот и широко распространет, нирнбершки печен колбас се служи со кисела зелка и рен.

Најзначаен историски период

Во 1933 год. Хитлер го прогласил Нирнберг за „град на годишните собири на Национал-социјалистичката германска работничка партија“.

Dokumentationszentrum in Nürnberg

Документациониот центар во Нирнберг

Секоја година во Нирнберг, на една недела, доаѓале националсоцијалисти од цела Германија. Теренот за цепелини, кој постои и денес, бил посебно направен за свечените паради. Од неодамна тука се наоѓа документациониот центар. За иницијативата, градот од УНЕСКО доби награда за заложбата за човекови права. На крајот од Втората светска војна Нирнберг бил скоро целосно разурнат, само Дрезден претрпел поголеми оштетувања. Нирнберг бил затрупан во „вина и пепел“.

„Нирнбершките процеси“

Friedrich Flick vor dem Kriegsverbrechertribunal in Nürnberg

Фридрих Флик на обвинителна клупа во 1947-ма година

„Ќе приложиме неспорни докази за неверојатни случувања.“ Со овие зборови на американскиот обвинител Роберт Џексон започнале Нирнбершките процеси против воените злосторници. „Во листата прекршоци нема да недостасува ништо од она што може да произлезе само од патолошка ароганција, бруталност и желба за моќ“, продолжил Џексон. Процесите против владетелите од режимот на националсоцијалистите траеле четири години, од 1945 до 1949 година. Тогаш најзначајните нацисти кои се` уште биле живи, седеле на обвинителната клупа.

Град на играчките

Меѓународниот нирнбершки аеродром, во близината на градот, на Франките не им ја нуди само можноста да посетат далечни земји, туку исто така секоја година на милиони посетители им овозможува да присуствуваат на саемот за играчки во Нирнберг. Публиката од целиот свет се среќава на конференции и средби.

Kinderpuppen auf der Internationalen Spielwarenmesse in Nürnberg

Една од атракциите на Саемот за играчки во Нирнберг во 2002- ра година

Саемот за играчки во Нирнберг, како и нивното производство во овој град, се познати во целиот свет. Играчките - автомобили „Шуко“ денес се произведуваат во Фирт, град оддалечен неколку километри од Нирнберг, но култот останува култ. За сите деца, како и за оние кои не пораснале, задолжителна е посетата на Музејот за играчки во Нирнберг.

Славниот син на соседниот град

Во Фирт, малиот соседен град на Нирнберг, денес се зачувани добрите сеќавања на техничките достигнувања, односно аналогното радио. Светски фирми како Грундиг и Мец имаа седиште во Фирт. Во Музејот за радиодифузија има преглед на историјата на радио и телевизиската техника. Овие апарати исто така овозможија најславниот син на Фирт, Хенри Кисинџер, повторно да биде присутен во дневните соби на неговиот роден град.

WWW-линкови