1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

А1 телевизија повеќе не емитува програма

Агенцијата за електронски комуникации, повикувајќи се на 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност донесе одлука за укинување на дозволата за А1 телевизија за вршење на радиодифузна дејност.

default

Со решение донесено од Основниот Суд Скопје 2 Скопје, е отворена стечајна постапка над „Трговското радиодифузно друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај“ со седиште на ул. „Перо Наков“ број 60, Скопје. Во член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност е утврдено дека дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон во случај на стечај или ликвидација, соопшти вчера вечер Агенција за електронски комуникации.
Имајќи ја предвид одредбата од член 74 став 1 точка г од Законот за електронските комуникации во која е утврдено дека „одобренијата за користење на радиофреквенции по сила на закон престануваат да важат со престанок на важење на дозволата за вршење на радиодифузна дејност“.
Одлука на Директорот на АЕК
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберто Ордановски како што стои во соопштението, на 29.07.2011 донел Решение со кое престануваат да важат одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузната дејност издадени од Агенцијата за електронски комуникации на корисникот „Трговско радиодифузно друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај“.
Во соопштението се наведува дека по доставувањето на Решението со кое одобренијата за користење на радиофреквенции престануваат да важат на ден 30.07.2011 „Трговско радиодифузното друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај” согласно законот го прекина емитирањето на програмата во етер.
СРД нема донесено одлука за за дозволата за работана А1
Решението на АЕК се спроведува откако претходно Советот за радиодифузија не постигна консензус околу одлуката за дозволата за работа на телевизијата.Ставот на Советот беше дека случајот бил комплициран и биле потребни дополнителни правни консултации пред да се донесе одлуката на редовна седница.
Инаку А1 отиде во стечај минатата недела со одлука на Основниот суд Скопје 2. Стечајниот управник утврди дека телевизијата има долг од над 30 милиони евра. Со одлуката им престана работниот однос на 234 вработени во Телевизијата. Против сопственикот на А1 Велија Рамковски и други дваесетина вработени или управители во фирмите на Перо Наков б.б. во тек е судски процес за низа кривични дела меѓу кои и даночно затајување.
Автор: АТ/ КД/ СН/миа
Редактор: Симе Недевски

DW.COM