1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Ајфон 5“ - побрз, полесен и поголем

„Епл“ го претстави со нетрпение очекуваниот „Ајфон 5“. Смартфонот е еден од најдоходовните производи на американскиот концерн.

Смартфонот „Ајфон 5“ има поголем дисплеј и е потенок и полесен од неговиот претходник. Дијагоналата на дисплејот изнесува четири цола, наспроти 3,5 цола на претходникот „Ајфон 4С“. Според податоците кои ги изнесе маркетинг шефот Фил Шилер, новиот „Ајфон“ тежи 112 грама и е 20 проценти полесен од претходникот.

Шилер рече, дека овој смртфон го поддржува и побрзиот ЛТЕ стандард, наследник на УМТС стандардот во мобилната телефонија. Ова е првиот нов „Ајфон“ по смрта на основачот на „Епл“ Стив Џобс во октомври минатата година.

Со Ајфон-речиси половина од обртот на средства

„Ајфон“ е најважниот производ на „Епл“, кој овој концерн го претвори во највредното претпријатие во светот, според берзанскиот капитал. Смартфонот во изминатите години на компанијата и‘ донесе обрт од 43 проценти.

Откако се појави на пазарот во 2007. година „Ајфон“ ја револуционираше брашата со мобилни телефони. Концернот, со кој во меѓувреме го раководи Тим Кук, има меѓутоа се’ поголема конкуренција.

Во изминатиот квартал „Епл“ продаде 26 милиони „Ајфон“ телефони, најголемиот конкурент „Самсунг“ во истиот период речиси двојно повеќе.