1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Ајфон 4“ од денеска во продавниците

Компјутерскиот концерн „Епл“ денеска (24.06.2010) на пазарот го вади својот нов ајфон. Што може „ајфонот 4“?

default

Нова динамика на пазарот на информатичка технологија и мобилна телефонија: мини-компјутерот на „Епл“, наречен ајпед, имаше извонредно успешен старт - за неколку недели се продадени повеќе од два милиона примероци. Сличен успех се навестува и со новиот „ајфон 4“ - уште пред воопшто да започне продажбата, веќе има уплати за 600 илјади примероци од новиот мобилен телефон.

Vorstellung des neuen iPhone 4 Flash-Galerie

Обата, и ајпедот, како и ајфонот 4, овозможуваат директен пристап кон онлајн-шоп и можат да се користат за музика, филмови и различни програми. На четвртата генерација на ај-фонот е преработен дисплејот, кој покажува четири пати повеќе пиксли, отколку претходниот модел. Со тоа сликата станува значително поквалитетна, со што, пак, е трасиран патот мобилниот телефон да стане платформа за пласман на весници, списанија и книги. Ајфонот 4 е насочен да се етаблира како мини-компјутер. Освен тоа, подобрена е и камерата, која со снимки со пет милиони пиксли е на најсовремено ниво. Можно е да се прават и видео-снимки од висок квалитет, и дури да може да се врши нивна монтажа на самиот ајфон. Тие функции досега беа резервирани само за скапи видео-камери или компјутери.

Автор: Јерг Брунсман / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска