1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Ајрин“ ја одложи седницата на СБ на ОН за Косово

Седницата на Советот за безбедност на ОН, посветена на Косово, која требаше да се одржи денеска (29.08.), е одложена за утре. Причина - ураганот Ајрин.

default

Советот за безбедност ќе се состане утре

Поради проблемите во Њујорк, кои се појавија како последица на ураганот Ајрин, се покажа дека денеска нема услови за одржување на седницата во седиштето на ОН. Првиот следен слободен термин беше утре претпладне, соопштено е од седиштето на светската организација.

На оваа седница ќе биде поднесен редовен тримесечен извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за ситуацијата на Косово, но се очекува акцент да биде ставен и на последната криза во северниот дел на Косово, која се случи кон крајот на минатиот месец при едностраниот обид на Приштина да ги преземе административните премини во северниот дел.

Српската делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој изјави дека очекува исклучително тешка седница, имајќи ја предвид спротивставеноста на ставовите на земјите членки на СБ на ОН околу претседателското соопштение, чиј предлог го поднесе Русија. Во овој предлог, Приштина се осудува поради одлуката да употреби сила и бара ситуацијата да се врати во претходната состојба.

Автор: СН/ЕМФ/миа

Редактор: Трајче Тосев