„Ајрин“ дојде, Американците побегнаа | Свет | DW | 27.08.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Ајрин“ дојде, Американците побегнаа

Со брзина од 151 км на час, ураганот „Ајрин“ го зафати источниот брег на САД. Никогаш порано толку многу луѓе не биле повикани да ги напуштат своите домови. Вонредна состојба е прогласена во седум сојузни држави.

default

Прва на ударот на „Ајрин“ беше сојузната држава Северна Каролина, односно регионот на Џексонвил. Во повеќе од 90.000 домаќинства снема електрична енергија. Гувернерот на Северна Каролина, Беверли Пердју, изјави дека има големи штети на електричната и водоводната мрежа. Иако јачината на „Ајрин“ во текот на изминатата ноќ е намалена и сега е бура од прва категорија, предупредувањата до граѓаните остануваат на сила. Според Мајк Бренен од Националниот центар за урагани во Мајами, решавачка не е максималната брзина на ветрот, туку многу повеќе големината и траењето на ураганот.

Погодениот регион им припаѓа на најгусто населените подрачја во САД. Во коридорот каде минува ураганот живеат околу 65 милиони луѓе. Експертите сметаат дека штетите ќе изнесуваат милијарди долари. Повеќе од 2,3 милиони луѓе беа повикани да се засолнат.

Hurrikan Irene Radarbild Flash-Galerie

Радарска снимка на ураганот

Откажани илјадници летови, нема автобуси и возови

„Не чекајте и не се колебајте“ - апелираше американскиот претседател Барак Обама до милиони Американци кои живеат меѓу сојузните држави Северна Каролина и Нова Англија.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг нареди евакуација на над 300.000 жители на јужниот крај на Менхетен и на Кони Ајленд. Евакуирани се и пациентите во две болници за коишто се претпоставува дека ќе бидат зафатени

Obama / Hurrikan / Irene

Американскиот претседател Барак Обама го скрати одморот поради ураганот

од поплави. „Ваква принудна евакуација досега не се случила“, нагласи Блумберг. Граѓаните не треба да се залажат од мирот пред бурата. „Њујоршката градска управа не би наредила евакуација, ако не е убедена во потенцијалната опасност на ’Ајрин’“, изјави Блумберг.

Првпат во историјата денеска запирa вкупниот железнички и автобуски сообраќај во Њујорк, каде унаку ураганот се очекува во текот на утрешниот ден. Откажани се илјадници летови во наредните неколку дена. Вонредна состојба е прогласена во неколку сојузни држави, а подготвени за интервенирање се околу 100.000 членови на Националната гарда. На располагање се ставени и 18 воени хеликоптери за евентуални акции за спасување на североистокот на САД.

Автор: Ралф Зина / дапд / дпа / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема