1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ајрин го парализира „градот што никогаш не спие“

„Ајрин“ веќе не е во категоријата урагани, туку во тропски бури. Брзината на ветрот е намалена на околу 100 километри на час, но предупредувањата остануваат. Њујорк денеска е „град на духови“.

default

Во Њујорк се слуша само звукот на невремето

Стотици илјади луѓе во бегство, милиони без струја, први жртви - „Ајрин“ беснее на источниот брег на САД. Њујорк денеска (28.08.) наликува на „град на духови“. Нема возови, метрото не сообраќа, не возат бродовите, сите три аеродроми се зтаворени, исто како и поголемиот дел од продавниците. Улиците се празни, голем број од нив се поплавени. Сепак, луѓето во милионската метропола денеска можат да здивнат со мало олеснување - засега нема катсрофа од размери какви што се предвидуваа. Властите ја имаат ситуацијата под контрола.

Бројот на жртвите поради ураганот „Ајрин“ се зголеми на десет. Повеќето го загубиле животот од откорнати дрјва или делови од објекти и предмети кои летале наоколу. Си-Ен-Ен јави дека во Менхетен има поплави, како на реката Ист Ривер, така и на Хадсон.

Hurrikan / Irene / New York / Subway

Њујоршкото метро не сообраќа, како ни возовите, бродовите и авионите

Информациите што доаѓаат од метеоролошките служби им оставаат простор за надеж на жителите на Њујорк - Ајрин ќе губи и натаму на сила. Сепак, предупредувањата на надлежните остануваат. „Ова е многу сериозна бура и ние сме среде бура“, изјави заменикот градоначалник Кес Холивеј.

Но, њујорчани се инаетливи. Денеска на штиците со кои беа заковани дел од прозорците во Менхетен можеше да се прочита: „Ако Осама бин Ладен не не‘ победи, ти сигурно нема да успееш во тоа Ајрин!“

Автор: ЕМФ/дпа/ртр

Редактор: Т.Тосев

DW.COM