1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ајнтрахт, Нирнберг и Волфсбург во полуфиналето

Денеска се игра последната средба од четвртфиналето на фудбалскиот куп на Германија: Штутгарт - Херта

Логото на Ајнтрахт Франкфурт

Логото на Ајнтрахт Франкфурт

Минатогодишниот финалист Ајнтрахт од Франкфурт е на пат да го повтори подвигот. На гостувањето кај второлигашот Кикерс во Офенбах немаше проблеми и забележа убедлива победа од 3 спрема 0. Финк постигна 1, Такахара 2 гола.

Тренерот на четирикратниот освојувач на купот Фридхелм Функел му се радува на успехот, покрај другото и затоа што во првенството осум кола последовно неговата екипа не забележа победа: “Во секој случај, победата за нас е многу важна, оти кога не си победил на осум средби, тогаш му се радуваш на секој доживеан успех. Ние можеме да ги одвоиме двете натпреварувања. Пред средбата реков: Бундеслигата во моментов воопшто не ме интересира, сакаме да се обидеме да го добиеме натпреварот против Кикерс. Сега имаме можност по втор пат последовно да се најдеме во финалето во Берлин”.

На тоа може да се надева и Нирнберг, кој е полуфиналист за прв пат по цели 25 години. Домаќинот беше поуспешен во изведувањето пенали и го елиминираа Хановер со 4 спрема 2, откако пред тоа ни во регуларниот тек, ниту во продолжението не беше постигнат гол.

Тоа што не им успеа на напаѓачите на тој натпревар, им успеа на Климовиц и Марселињо, кои со своите голови му обезбедија победа на Волфсбург против Алеманија од Ахен со 2 спрема 0 и го внесоа во полуфиналето.

Последниот полуфинлаист ќе биде познат по вечерашната средба меѓу Штутгарт и Херта од Берлин.