1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ахтисари ја заврши мисијата за Косово

*

Специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари денеска изјави дека неговата мисија за Косово завршила. Во изјава за финската телевизија, Ахтисари рече дека сега би можел да прифати единствено советодавна улога во процесот на решение на статусот на покраината. Инаку во Виена денеска заседава Контакт групата за Косово. Претставници на земјите кои ја сочинуваат групата од САД, Русија. Германија, Франција Велика Британија и Италија , ќе дискутираат пред се за техничкиот дел околу предвидените нови преговори меѓу Белград и Приштина. Парламентот во Белград инаку синоќа усвои резолуција за Косово во која се истакнува дека покраината е неотуѓив дел од Србија . Резолуцијата која беше прифатена од огромно мнозинство пратеници предупредува и од еднострано прогласување на независност на Косово .