1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ахтисари со мисијата на ОН

Специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари синоќа во Виена се сретна со делегацијата на Советот за безбедност која во минатата недела ги посети Брисел, Белград и Косово. Соопштено е дека Ахтисари одговарал на прашања од членовите на мисијата и дал дополнителни објаснувања врзани за неговиот прелог за решавање на статусот на Косово. Мисијата која го посети Косово на предлог на Русија, вчера ја заврши посетата на Белград и Приштина и соопшти дека ќе го разгледа предлогот на Ахтисари, без поставување крајни рокови.