1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ахтисари: никој не планира да признае еднострана независност на Косово

*

Специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари изјави дека за сега ниту САД ниту било која друга земја не планира да признае еднострано прогласена независност на Косово. Најавите за такво нешто се несериозни и преуранети, рече Ахтисари за словенските медиуми. Според него, врз основа на непроменетите ставови на Белград и Приштина, претстојните разговори во Виена закажани за 30 август, не му изгледаат ветувачки.