1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ахтисари: набљудувана независност е единственото решение

Специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари изјави дека набљудувана независност е единствената алтернатива за Косово. Тој во изјава за љубљанскиот весник “Дело” вели дека Србија еден ден ќе го смени својот став доколку сака да стане членка на ЕУ. Косово повеќе не може да биде дел од Србија. Албанците кои се 90% од населението на Косово едноставно не го сакаат тоа повеќе, вели Ахтисари. Тој ги отфрла тврдењата дека Косово може да биде опасен преседан за сличните случаи во светот.