1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ахтисари го чека барањето на Тадиќ

Српскиот претседател, Борис Тадиќ, по дипломатски канали побара усогласување на роковите за преговорите за статусот на Косово со работите поврзани со конституирањето на новиот српски парламент. Вакво барање, за одлагање на датумот за разговорите во Виена, закажани за идната недела, му е упатено и на специјалниот посрендик на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари. Тој,пак, вели дека сеуште не го до

Марти Ахтисари

Марти Ахтисари

�ил официјалното српско барање.

“Сеуште не сум контактиран и очекувам тоа да се случи денеска или утре“, изјави по разговорите со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, Марти Ахтисари. На прес конференцијата во седиштето на ОН во Њујорк, Ахтисари најави дека има намера да го заврши конечниот предлог за статусот на Косово пред крајот на март. Не сакајќи да зборува за прашањето на суверенитет и можно членство на Косово во ОН, Ахтисари наведе дека во конечниот документ статусот ќе биде многу јасно формулиран. За Косово денеска во Москва разговори ќе води специјалниот претставник на САД, Френк Визнер. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, минатата недела по разговорите во Вашингтон, изјави дека двете земји засега немаат заедничка визија за тоа како да се реши проблемот. Лавров нагласи дека за разлика од Иран, Ирак и Блискиот исток, несогласувањето на руските и американските ставови има принципелен карактер. За тоа каков конечен статус на Косово предвидуваат САД, помошникот американски државен секретар, Даниел Фрид, на прес конференција во Вашингтон, изјави:

“Засега Ахтисари предвидува разговори за практични елементи. Мислам дека раководството на косовските Албанци има многу добра претстава за тоа како стојат работите. Мислам дека тука веќе нема многу мистерија. Знаеме за што разговараме, но засега ајде да разговараме за практичните чекори на кои, се надевам косовские Албанци, косовските Срби и Белград ќе работат со Ахтисари и ќе дадат конкретни идеи. “

Прашан каков став очекува од земјите во регионот ако тие мораат да бираат меѓу признавање на независност на Косово и затегање на односите со Белград, Фрид рече: „Колку што знам соседните земји генерално изразуваат своја поддршка. Македонија дава поддршка, Бугарија исто така. Романија е порезервирана. И Црна Гора изразува поддршка во поглед на планот на Ахтисари и придвижување нанапред. Грците се загрижени како тоа ќе влијае врз Србија. Тие беа поборници, по мое мислење многу успешни поборници, за движење на Србија кон Европа. Јас ги уважувам нивните напори во таа насока„, изјави Даниел Фрид.