1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Топката е на наша страна

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по средбите со претставници на американската администрација во Вашингтон, на прашањето дали може да се очекува засилен ангажман на САД околу спорот за името, изјави: „Топката е на наша страна!“

default

Али Ахмети оценува дека сите средби кои ги имал во Вашингтон биле во насока на охрабрување да се изнајде компромисно решение за спорот со Грција.

„Имав многу значајна посета тука во Вашингтон, која вклучуваше средби во Белата куќа, во Пентагон, во Стејт департментот и во американскиот Конгрес, како и предавање на еден од најпознатите универзитети, Џонс Хопкинс. Сите пораки од сите овие средби се охрабрувачки за Република Македонија, максимално да се ангажираме кон изнаоѓање компромисно решение за прашањето на името, што ќе ни ја отвори можноста што побргу за зачленување во НАТО и започнување на преговори со Европската унија. Топката е на наша страна. Ние сме суверена држава. Соединетите Американски Држави никогаш не би придонесле за загрозување на интересите и суверенитетот на една држава. Уште еднаш велам, топката е на наша страна, и ние треба да изиграме добро“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на прашањето дали е можно да има поголем американски ангажман по ова прашање, по примерот на меѓународниот ангажман за постигнување на неодамнешниот договор меѓу Србија и Косово.

Од Вашингтон, Ахмети продолжува за Њујорк, каде треба да има средба со посредникот во разговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц.

Поврзана содржина