1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети со Фрчкоски, Селмани со Иванов?!

Почнаа политичките пазарења спроти вториот круг од претседателските избори. Ѓорѓе Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски од СДСМ отворено порачаа дека сега целат и на гласовите од албанското избирачко тело во земјата.

default

Ѓорге Иванов ќе ги добие гласовите на Селмани?

Основната и најважна информација во овој момент е дека се вжештуваат внатрешните дебати до точка на зовривање. „ДУИ веќе донесе одлука да го поддржи Љубомир Фрчковски“ – изјави еден од најблиските соработници на Али Ахмети, инсистирајќи да не се открива неговиот идентитет. Но, другите консултирани членови на претседателството на ДУИ или се сокриваат зад ѕид на молчење во врска со ваквото, се` уште неофицијализирано тврдење, или, пак, велат дека нема таква одлука. Неколку факти се сепак извесни. Централното партиско претседателство во наредните неколку дена ќе одлучи дали и кого евентуално ќе поддржи од двајцата претседателски кандидати.

Präsidentschaftstreffen Mazedonien

Претседателството на ДУИ наскоро на состанок

Изет Меџити од ДУИ за Дојче Веле кусо изјави: „Овие денови ќе заседава претседателството на Демократската унија за интеграција и ќе го утврди својот сттав. Потоа ќе ве известиме вас, медиумите, и граѓаните на Македонија.“ На прашањето дали неговата партија ќе се реши воопшто некого да поддржи, тој вели: „Тоа зависи од ставот на ДУИ.“

Никола Груевски и Али Ахмети пред неколку дена имале прва средба, со цел да се спогодат дали ќе си дадат меѓусебна поддршка за вториот круг од локалните и претседателските избори на петти април. Медиумите на албански јазик јавуваат дека двајцата лидери се договориле да соработуваат, но само на локално ниво – во оние 25 општини, каде што нивните кандидати влегле во вториот круг.

Соговорниците на Дојче Веле од најблиското опкружување на Али Ахмети потврдуваат дека тој ќе има нова средба со Никола Груевски по седницата на Централното претседателство, бидејќи „се` уште нема никаков договор кон кого ќе се насочат оние 76 илјади гласови, кои ги доби Агрон Буџаку на 22 март во првиот круг“.

Дали албанскиот електорат ќе биде мотивиран да гласа?

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Имер Селмани е во центарот на цензусот

Под голем знак прашалник е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори позитивно на веќе јавно кажаниот предизвик од Буџаку, дека неговата партија ќе гласа за Иванов, ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи на следните избори во 2014 – та година претседателот на Македонија да биде Албанец. Никола Груевски, исто така, веќе кажа дека неговата партија нема никогаш да го прифати тоа. Оваа изјава е багажот кој го носи Ѓорге Иванов во вториот круг, со можна опасност од тивок бојкот на претседателските избори од страна на Албанците.

Тројцата кандидати-Албанци, кои не влегоа во вториот круг, имаа добиено вкупно околу 250 илјади гласови и оттука станува многу појасно она што го кажа Иванов во првиот ден од новата предизборна кампања, симболично стартувана во Тетово и Западна Македонија, каде што е сконцентрирана токму албанската популација: „Тетово и Западна Македонија е делот каде што симболично ја почнуваме кампањата.“

Сепак, Имер Селмани, со своите 150 илјади гласови е центарот на цензусот. Дојче Веле наиде на затворени врати во повеќекратните обиди да добие изјава од, инаку, комуникативниот лидер на „Нова Демократија“.

За третиот фактор во политичките пазарења околу албанските гласови, Демократската партија на Албанците, станува мошне извесно дека таа ќе го бојкотира гласањето на петти април и дека веројатно нема да поддржи никого.

Автор: Свето Тоевски

Уредник: Трајче Тосев

DW.COM