1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Решение на спорот со името ќе го отвори патот за НАТО и ЕУ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оцени дека решавањето на спорот за името дефинитивно ќе го отвори патот кон НАТО и ЕУ и ќе биде најсилната гаранција за стабилна и безбедна држава.

default

Али Ахмети

На одбележувањето на осумгодишнината од формирањето на ДУИ, Ахмети рече дека партијата за решавање на политичките и останатите сериозни состојби се заснова на програмските начела - нема друга алтернатива освен зачленувањето во НАТО и ЕУ, целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците, како гаранција за стабилноста и развојот на државата, секуларност како здрава основа за градењето на толерантните меѓуверски односи и на развојот на целосна, сеопфатна и правична демократија.

Али Ахмети на одбележувањето на годишнината во Гостивар, уште рече: „Сме инвестирале и продолжуваме со истата посветеност за добри меѓуетнички односи, како гаранција за внатрешната стабилност на државата. Секое поинакво постапување, што ќе внесеше раздор меѓу етничките заедници, воведувајќи дух на меѓуетничка и меѓуверска нетолеранција, ќе беше удар и врз духот на Охридскиот рамковен договор. Заедно со нашиот партнер во владата правиме се` за да не се случи тоа и ние напредуваме заеднички во создавањето услови за избегнување секој момент, или ситуација, која што би не‘ одалечила од успешното управување во соочувањето со глобалните размери на финансиската криза.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска