1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Пописот ќе биде по изборите

Пописот на населението ќе се одржи во некое подобро време имајќи го в предвид моменталниот амбиент во државата, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар.

default

Али Ахмети

Лидерот на ДУИ не наведе кој рок смета дека е најсоодветен за одржување на пописот, но посочи дека е важно тоа да биде по предвремените избори.

„Мислам дека не е многу важно кога ќе биде пописот на населението, октомври или ноември. Важно е тој да се одржи по предвремените избори“, изјави Ахмети. Тој вели дека за ваквиот став разговарал со коалициониот партнер. Лидерот на ДУИ посочи дека на средбата со Жбогар станало збор за спорот за името со Грција, меѓуетничките односи, пописот, спроведувањето на Рамковниот договор и одржувањето на предвремените избори. Предвидено е вечерва Жбогар да се сретне со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Автор: ЖА/ГЧ/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски