1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: политички маркетинг со името

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прашањето за името често го користат за политички маркетинг.

default

Лидерот на ДУИ

„Мислам дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, често, овој спор го користат за политички маркетинг”, изјави Ахмети во Тетово, по состанокот на кој амбасадорот Зоран Јолевски го информираше за средбата со медијаторот Метју Нимиц во Женева.

Во врска со референдумско изјаснување за името, Ахмети изјави дека станува збор за прашање за кое треба да се слушне мислењето и ставот на опозицијата и да се постигне консензус.
„Во решавачкиот момент, ние како партија ја преземаме одговорноста и носиме решение за одредената состојба. Албанците ја чувствуваат Македонија како своја земја и сакаат да дадат свој конструктивен придонес во решавањето на спорот со името“, рече претседателот на ДУИ.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска