1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Поблиску сме до решение за името од кога било досега

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за телевизија Алсат-М, изјавил дека ќе се бори земјата што поскоро да го реши проблемот со името, и со тоа да и се отворат вратите кон ЕУ и НАТО.

Али Ахмети оценува дека неговите дипломатски офанзиви вродиле со плод и потенцира дека резултатите од неговите посети на повеќе светски и европски центри ќе се видат.

„Јас не работам зад грб. За моите посети во Вашингтон и Брисел знаеја сите, но имаше опструкции од македонските телевизии и граѓаните не се информирани. Ние сме поблиску од кога било за да го решиме прашањето за името. Ако треба ќе се затвориме во една соба и нема да излегуваме без да го решиме ова прашање“, изјавил Ахмети.

Лидерот на ДУИ нагласил дека неговата дипломатска офанзива наскоро ќе донесе резултати.

„До крајот на декември ќе бидат видливи првите резултати од мојата дипломатска офанзива. Се‘ е направено да се најде решение, компромис. Прво мора да се подготви македонската јавност. Во спротивно земјата ќе оди во изолација, а тогаш меѓународната заедница ќе биде првата што ќе преземе мерки, односно ќе спречи секакви кредити и други средства“, порачал Ахмети.

За можноста за предвремени парламентарни избори, тој изјавил дека не ја исклучува оваа опција, потенцирајќи дека во владејачката коалиција дошло до разлики околу законот за медиуми, за кој ДУИ бара да има дискусии после декември.