1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Нема победени, ниту победници - треба да се изнајде компромис

Лидерот на владината ДУИ, Али Ахмети по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, оценува дека нема победници, туку дека ќе треба да се види како да се разреши спорот со Грција

default

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

„Мислам дека во оваа ситуација нема победени страни. Ние сме соседи со Грција и ќе гледаме и во иднина да продолжиме со разговорите со неа заради изнаоѓање компромис. Моја оценка е дека нема победници, туку дека ќе треба да се види како да се разреши спорот со неа“, изјави лидерот на владината Демократска унија за интеграција Али Ахмети денеска (05.12) по средбата и разговорот со претседателот на Социјалистичката партија на Албанија Еди Рама во партиското седиште во Тетово, во одговорот на прашањето на Дојче веле - како ја коментира одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ставањето вето врз интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО.

На дополнителното прашање на ДВ дали таа одлука ќе ја забрза евроинтеграцијата на Македонија, Ахмети нагласи:

„Ние сме постојано во разговори со европските институции. Во континуитет ги охрабруваме политичките сили во Македонија за да го забрзаат патот кон нејзиното зачленување во НАТО и во Европската Унија. Не еднаш имаме нагласувано дека влезот на РМ во НАТО ќе значи повеќе стабилност за земјата и за регионот, дека тоа интегрирање ќе им обезбеди на граѓаните мир и стабилност. Нашата главна цел е нашата земја час поскоро да биде дел на НАТО, оти не постои друга алтернатива.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска