1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети најави патување само со лични карти и во Косово

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави вчерашното потпишување на меѓудржавниот договор помеѓу Македонија и Албанија за минување на државната граница само со лични карти.

default

Али Ахмети

Лидерот на ДУИ денеска (15.12.2011) најави дека наскоро граѓаните на Македонија ќе можат да ја поминуваат само со лична карта и границата со Косово.
„Она што вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност. Кога и пред десет
години предвидовме во нашата програма дека границите во Западен Балкан треба
да се тргнат, кога и пред десет години изјавуваме дека луѓето треба да
живеат во мир, да се сигурни и дека граѓаните треба да имаат доверба, за
некого можеби изгледаше невозможно, меѓутоа денеска тоа е реалност. Денеска
се потпиша договорот меѓу Македонија и Албанија за нашите граѓани да ја
минуваат границата само со лични карти. Утре ќе се потпише договор и со
Косово и ќе имаме уште понапреднати односи меѓу земјите во регионот, затоа
што ова претставува државна политика, ова е човечна политика која на
граѓаните им овозможува услови во сите полиња и насоки“ се вели во
соопштението на ДУИ.

Автор: СН/ЖА/макфакс

Редактор: Жана Ацеска