1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ахмети и Џафери продолжуваат со меѓусебните обвинувања

По последните вооружени предизборни инциденти кај партиите од албанскиот блок, лидерите на ДУИ и ДПА, Ахмети и Џафери во интервјуа за Дојче Веле продолжуваат со меѓусебните обвинувања за инцидентите. За Џафери причините за последните инциденти се од политичка природа и во неспособноста на власта да ги решава проблемите, додека за Ахмети „насилството е неприфатливо“, а тие се на „добар пат да ги решат пр

Жестока предизборна кампања за новиот парламентарен состав

Жестока предизборна кампања за новиот парламентарен состав

�блемите“. Со нив разговараше Мимоза Кељменди

„Причините за овој инцидент секако дека не се од генетска туку од политичка природа. Причината за овие несогласувања е неспособноста на власта да ги решава проблемите во изминатиот четиригодишен мандат. Според мене виновен е македонскиот политички систем, кој не пружа доволно простор за решавање на основните проблеми на Албанците. Дел од вината ја сноси и меѓународната заедница, која не врши набљудување во ваквите случаи. Тука пред се се рабоити за набљудување дали има доследна реализација на Охридскиот договор“,

тврди лидерот на ДПА Арбен Џафери во интервју за Дојче Веле.

„Охридскиот договор се состои од неколку основни работи: Прво, официјална употреба на албанскиот јазик. Во Македонија дефинитивно нема официјална употреба на албанскиот јазик, туку само една варијанта со која всушност се понижува начинот на употребата на албанскиот јазик. Второ, пропорционална застапеност на Албанците во земјата. Не постои пропорционална застапеност, освен во некои области, кои се користат само како пример за да се каже дека е се во ред и дека одредбите се почитуваат. Овде спаѓа и пропорционална застапеност на Албанците во македонската администрација. Таму треба да се вработат 19,500 Албанци. Трето децентрализацијата. Ниту во овој сегмент работата не е завршена бидејќи власта од централно на локално ниво се уште не е пренесена на сите нивоа. Четврто, меѓуетничко помирување и ресоцијализација на поранешните претставници на ОВК. До сега не е направен ниту еден проект за ресоцијализација на оваа категорија луѓе кои станаа објект на постојано прогонство. Значи ако ги погледаме овие феномени ќе видиме дека Охридскиот договор имаше само една цел, барем за сега: зачувување на интегритетот и суверенитетот на Македонија. Останатите сегменти од него не се воопшто реализирани, или се дегенерирани до неподносливо ниво“, изјави Арбен Џафери во интервјуто за Дојче Веле.

Лидерот на ДУИ во одделно интервју за Дојче Веле возвраќа:

„Секаков вид на насилство без разлика од кого доаѓа за нас е неприфатливо. ДУИ се определи овие избори да бидат слободни, прифатливи за сите граѓани на Македонија и за меѓународната заедница. Ова е многу важен момент. Во Македонија работите до сега се одвиваат добро. На добар пат сме да ги решиме сите економски и национални проблеми. Имавме проблеми во економијата бидејќи се работи за земја во транзиција. Секако дека има место за критика, но ние сме на добар пат за создавање на подобри економски услови за живот. Во изминативе четири години имаше многу политички проблеми. Имаше четири изборни циклуси во Македонија, одржан е референдум за децентрализација, а сега се очекуваат и парламентарните избори, тврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој на обвинувањата на ДПА дека не е спроведен Охридскиот договор вели:

„Господин Џафери може да тврди што сака, но тоа воопшто не е точно. Сите досегашни проценки и не само на ДУИ туку и на оние кои ја гарантираат имплементацијата на Охридскиот договор, како што се САД, ЕУ и НАТО дадоа позитивни оценки за реализација на договорот. Охридскиот договор е постигнат во вонредни услови, тој е компромис и се разбира дека не можат сите страни да бидат задоволни. Незадоволство има и кај Албанците и кај Македонците, но тој договор е многу важен бидејќи со него е прекината војната и отворен е патот за мирот. Нема да зборувам за бројки, но во 2001 во Македониј аимаше сто и педесет албански полицајци, а денеска ги има 1800. Во војската имаше 60 албански офицери и подофицери, а денеска ги има над илјада и сто. 2001-та немаше употреба на албанско знаме, а денеска го има. 2001-та албанскиот не беше официјален во Македонија, а денеска и во македонскиот парламент се говори Албански. Секако дека и тука има проблеми за кои ние зборувавме повеќе пати, и кои треба да се решат, но се работи на тоа и тие ќе бидат решени“, изјави лидерот на интегративците Али Ахмети за Дојче Веле.