1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети го повика Кривокапиќ да помогне во спорот за името

Претседателот на помалиот коалиционен партнер на Владата во Скопје, Али Ахмети побара поддршка од Црна Гора за напредокот на Македонија во Евроспката унија и НАТО.

Претседателот на Демократската унија заинтеграција, Али Ахмеи, го повика претседателот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, да ѝ укаже на меѓународната заедница за важноста од решавање на спорот за името меѓу двете земји (Македонија и Грција) и да ги повика двете страни да седнат на преговори на највисоко ниво, јавуваат црногорските медиуми.

Според Ахмети Ранко Кривокапиќ, во својство на претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, треба да настојува меѓународната заедница да ги повика двете страни да постигнат компромис со кој би се спречило понатамошното блокирање на земјава на патот на интеграциите во Европската Унија и НАТО.

Поврзана содржина