1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Глигоров заслужено ќе остане запишан во историјата на Македонија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати писмо со сочуство до семејството на првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој почина синоќа во 95-та година од животот.

As for the rights to publish this photos with my name on them, here I confirm that DEUTSCHE WELLE HAS THE RIGHTS TO PUBLISH ALL THE PHOTOS SENT FROM MYSELF PETR STOJANOVSKI, WITH NO TIME LIMIT. Best regards, Petr Stojanovski,

Али Ахмети

Претседателот на ДУИ Ахмети оценува дека смртта на Глигоров е голем загуба за неговото семејство, но и за Република Македонија. „Првиот Претседател на независна Македонија има големи заслуги за целосното и мирно отцепување на Република Македонија од поранешната Југославија без конфликт што несомнено придонесе кон конечниот распад на Југославија. Претседателот Глигоров и по осамостојувањето, се залагаше за понатамошното градење на независна држава како и за зачленувањето на Република Македонија во меѓународни организации. Дозволете ми уште еднаш да го изразам моeтo искренo сочувство за загубата на Претседателот Глигоров, чие име и дело ќе остане заслужно запишано во историјата на Република Македонија“, се вели во писмото на Ахмети до семејството Глигоров.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Борис Георгиевски