1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети в понеделник на средба со Венизелос

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во Атина ќе има средба со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, соопштуваат од ДУИ. Антонио Милошоски смета дека Венизелос сака да го промени имиџот на Грција.

Од ДУИ велат дека интензивната и се‘опфатна кампања на претседателот на партијата Али Ахмети, по посетите на САД, Германија, Албанија и Бугарија, продолжува в понеделник и со официјална посета на Грција, каде тој ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Progressive Alliance Gründungsveranstaltung Evangelos Venizelos

Евангелос Венизелос

Активностите на Ахмети и ДУИ, со цел да се помогне интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, нема да запрат тука, туку продолжуваат и во другите пријателски земји, кои се подготвени да и’ помогнат на земјата да стане дел од евроатланската заедница, додаваат од партијата.

Венизелос се обидува да го поправи имиџот на Грција во очите на Брисел, смета пак претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски. Венизелос ги осуди испадите на припадниците на „Златна зора“ кон македонските туристи, па во тој контекст поранешниот шеф на македонската дипломатија го коментира однесувањето на Венизелос. Милошоски смета и дека ваквата изјава е дадена за партиски цели, како би се намалил рејтингот кој „Златна зора“ го има во земјата.

Antonio Milososki mazedonischer Außenminister

Антонио Милошоски

„Не очекувам ниту ПАСОК, односно (министерот за надворешни работи Евангелос, н.з.) Венизелос, ниту Самарас, како премиер на грчката влада да имаат попрагматичен став по однос на Македонија. Тие ќе го одбегнуваат решавањето на спорот и за време на грчкото претседавање со ЕУ сметам дека ќе се обидуваат ова прашање да не дојде на дневен ред. Ќе беа среќни ако Македонија не го усвоеше извештајот и ако имавме внатрешен проблем и хендикеп за да ја задржиме препораката. Но, и во случај кога го имаме извештајот за македонското Собрание сметам дека ќе се обидат да го одложат нашето прашање“, изјави Милошоски во Штип, по панихидата на Тодор Александров.