1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети: Време е за членство на Македонија во НАТО

Претседателот на Демократската унија за интергација Али Ахмети престојува во посета на САД, каде оствари средби со високи претставници на администрацијата во Вашингтон, соопштија од ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што информираа од неговата партија, рекол дека е дојдено време за уште една храбра одлука со меѓународно посредување, која ќе ја зачлени Макеоднија во НАТО и ќе и’ овозможи преговори за членство во Европската унија. Ахмети тоа го порачал на денешната средба со Џули Смит, советник за национална безбедност на американскиот потпретседател Џозеф Бајден, и со Марк Флеминд, директор за балкански прашања.

На оваа значајна средба Ахмети ја елаборирал актуелната политичка ситуација во земјата и им се заблагодарил на САД за целата поддршка што ја даваат на мирот и стабилноста во Македонија и регионот.

„Зборувајќи за значајноста и тежината на преземените одлуки за меѓународно олеснување, за интервенцијата против српскиот геноцид на Косово во 1999 година, признавањето на Косово, потпишувањето на Охридскиот договор, договорот меѓу Косово и Србија, Ахмети нагласи дека е дојдено време за уште една храбра одлука со меѓународно посредување, којашто ќе нe’ зачлени во НАТО и ќе ни овозможи преговори за членство во ЕУ“, информираат од владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ).

„Улогата на САД е инструментална во гаранцијата на мирот, сигурноста и стабилноста на Македонија и на регионот, но ова се постигнува само ако нашата земја стане полноправна членка на НАТО. Пречката за реализацијата на овој процес е прашањето со името и тоа треба да се надмине што е можно поскоро“, рекол Ахмети.

Смит ја нагласила поддршката на САД за евроатлантските аспирации на Македонија, како и интересот за забрзување на овој процес на интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

„САД го поддржуваат процесот под водство на Обединетите нации и сметаат дека големата инвестиција во Македонија и регионот, за мир и сигурност треба да се заокружи со членство во НАТО“, вели Смит.

Во вторникот навечер, Ахмети беше гостин на вечерата кај поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер, сега заменик помошник секретар на САД за Европа и Евроазија, и Дејвид Бургер, заменик директор на Бирото за Евроазија во американскиот Стејт департмент. Ахмети денеска ќе ги посети Пентагон, Стејт департментот, како и американскиот Конгрес.