1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ахмети во Приштина: “Проблемот со границата е технички“

Официјална потврда од Приштина – косовскиот премиер, Агим Чеку, на петти мај патува за Скопје. Една од темите на разговор со македонскиот премиер, Владо Бучковски – демаркацијата на границата. Денеска за границата, во Приштина, изјави на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу.

Али Ахмети разговараше со косовскиот претседател и претседателот на косовскиот парламент

Али Ахмети разговараше со косовскиот претседател и претседателот на косовскиот парламент

Демократската унија за интеграција го поддржува секое решение за статусот на Косово околу кое ќе се согласат Белград и Приштина со псоредтсво на меѓународната заедница. По разговорите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу, во Приштина, освен за статусот, изјави пред новинарите и на тема одбележување на границата. Ахмети со став: “Проблемот со границата е технички проблем. Нема сериозни тешкотии. Мислам дека Скопје и Приштина ќе најдат решение.“

Косовскиот претседател, Сједиу,пак, нагласувајќи дека посакува добри и мирно односи со Македонија, со изјава дека и проблемот околу границата треба да биде решен заеднички, по мирен пат: “Односите со Македонија се многу добри и проблемот со границата треба да се реши по мирен пат. Ќе направиме голем напор за решавање на ова прашање затоа што немаме интерес од ескалација на проблемот.“

Македонскиот премиер, Владо Бучковски, пред неколку дена велејќи дека косовскиот премиер Агим Чеку е добредојден во Скопје доколку сака конструктивна средба и дека изјавата на Чеку “прво статус на Косово, па решавање на границата“ била непромислена, но дека сега се стивнало, уште оцени дека Македонија останува на своите позиции дека прашањето на границата ќе се реши при решавањето на финалниот статус на Косово.