1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ахмети бара преговори за последниот предлог на Нимиц

Во разговор со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, лидерот на ДУИ ја истакнал итноста од решавање на спорот за името преку седнување на преговарачка маса околу последниот предлог на посредувачот Нимиц.

Унапредувањето на интегративниот процес на земјата влијае и врз меѓуетничките односи и Охридскиот договор како капитални достигнувања по 2001 година кој што очекуваат заокружување со зачленување на земјата во НАТО и ЕУ, порачал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, во Тетово.

„Претседателот Ахмети и амбасадорот Брет разговараа околу многу прашања од взаемен интерес, вклучувајќи ги и евроатлантските интеграции на Македонија, меѓуетничките односи, Охридскиот Договор, изборите во Албанија, договорот помеѓу Косово и Србија“, соопштија од партијата.

Брет се интересирал за патувањата на Ахмети во САД и во Германија како и за интензивните средби со претставници на меѓународната заедница.

„Претседателот Ахмети ја елаборираше потребата за постигнување на компромис помеѓу Македонија и Грција за прашањето со името како предуслов за интеграција на земјата во НАТО и започнување на преговори за членство во Европската унија“, соопштија од ДУИ.

Ахмети ја нагласил итноста на концентрација на сите напори од сите домашни и меѓународни фактори кон решавање на спорот и седнување на страните на маса за да разговараат околу последниот предлог на Нимиц.

„Унапредувањето на интегративниот процес на земјата влијае и врз меѓуетничките односи и Охридскиот договор како капитални достигнувања по 2001 година кој што очекуваат заокружување со зачленување на земјата во НАТО и ЕУ. Тоа е нашата волја затоа што тоа носи перспектива за земјата и регионот и овозможува економски развој“, рекол Ахмети.

Според него, договорот меѓу Приштина и Белград е значаен за целиот регион и ќе има влијание и во Македонија во однос на помирување на народите на 100 годишнината на Балканските војни.

Соговорниците разговарале и околу парламентарните избори во Албанија.